Рецепт на денот: Сирова торта со лешник

Таканаречените непечени слатки не само што ви заштедуваат време, туку се и исклучително здрави.

Комбинацијата на храна е разновидна (различни јаткасти плодови, сушено или свежо овошје, овес…), а најважно е што не содржат рафиниран шеќер. Без грижа на совест, почестете се со здрав десерт, дури и ако се обидувате да избегнете слатки.

СОСТОЈКИ:

  • 1/2 чаша путер од кикирики
  • 1/4 чаши јаворов сируп
  • 1 чаша експандиран ориз (можете да го купите во продавници за здрава храна)
  • 1 чаша грубо исечкани лешници (печени)
  • 250 гр темно чоколадо

ПОДГОТОВКА:

Печете ги лешниците во тава додека не добијат златно-жолта боја. Кога ќе се изладат, исечкајте ги на поголеми парчиња.

Во подлабок сад измешајте путер од кикирики и јаворов сируп, внимавајќи да добиете униформа маса. Додадете го експандираниот ориз, сецканите лешници и чоколадото, кои претходно сте ги стопиле, и измешајте сè. Навлажнете ги рацете така што смесата не се лепи на нив, и обликувајте ги во круг или правоаголник, во зависност од тавата. И ако имате повеќе трпение и време, можете да направите бомбици.

Испробајте и: Капама од штавеј и буковка

 

ФОТО: Shutterstock

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.