Овесен чоко-колач: Здрав десерт што се јаде без грижа на совест!

Пробајте!

Ако постои здрав колач, тогаш тоа е овој

Состојки:
  • 100 + 150 г овесни снегулки
  • 50 г ореви
  • 50 г лешници
  • 120 г мед
  • сол
  • екстракт од ванила
  • 200 г црно чоколадо
  • 180 г путер од кикирики
Приготвување:

Земете 100 г овесни снегулки, ореви и лешници. Изблендирајте додека добиете брашнеста текстура. Пресипете ја смесата во подлабок сад. Додајте ги преостанатите овесни снегулки.

Додајте малку сол, екстракт од ванила и мед. Промешајте. Две третини од смесата втиснете ја во калап покриен со хартија за печење. Оладете.

Стопете ги чоколадото и путерот од кикирики. Премачкајте ги врз овесниот слој, Одозгора, додека филот  сè уште е топол, додајте ја преостанатата смеса од овес.

Оставете го колачот да се лади преку ноќ.

Брз кето-колач: Совршен за дијабетичари и за оние што сакаат да ослабат!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.