Брз кето-колач: Совршен за дијабетичари и за оние што сакаат да ослабат!

Феноменален вкус

Засладете се без грижа на совест

Состојки:
  • 4 јајца
  • 6 таблети вештачки засладувач за дијабетичари или стевија
  • 150 г мелени ореви (лешници, бадеми)
  • 50 г кокос (кокосово брашно)
  • 1 лажица какао (со висок процент на какао)

За глазурата:

  • 80 г чоколадо со најмалку 80% какао, без шеќер и засладувачи
  • 200 мл павлака за готвење, исклучиво млечна
Приготвување:

Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее. Изматете ги белките пенесто, притоа додавајќи здробени таблети или стевија. Кога белките ќе станат цврсти, додајте ги жолчките и изматете. Потоа, додајте ги мелените ореви и кокосот и измешајте го сето тоа со лопатка.

Во помал плех (може тркалезен со пречник од 20 см) ставете хартија за печење и префрлете ја смесата. Печете околу 20 минути и проверувајте со чепкалка.

Пригответе ја глазурата. Загрејте ја павлаката до вриење и со неа прелејте го здробеното чоколадо. Мешајте додека целосно се стопи и соедини со павлаката. Количината на павлака може да биде и помала, така чоколадото повеќе ќе се чувствува.

Богато премачкајте го колачот, па оставете ги колачот и чоколадото малку да се оладат. Уживајте!

Полнет карфиол: Идеален и брз кето-ручек
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.