Во фокусот: Весели и забавни фризури!

Во мода се смели фризури инспирирани од 1990-тите. Овој изглед, со спортски елементи, применлив е и во вечерни и во дневни изданија!

Опавче со меурчиња

Вистински хит меѓу познатите дами! Опавчињата со меурчиња ги преплавија социјалните мрежи, а на нив не остана имуна ни познатата манекенка Кендал Џенер.

Станува збор за фризура што лесно се прави, така што косата се собира во коњско опавче, а меурчињата се формираат со врзување ластичиња на опавчето, едно под друго, на одредено растојание, а потоа секое ластиче се затегнува нагоре, со што делот меѓу нив добива на волумен и станува погуст и пораскошен.

На тој начин се создава впечаток дека опавчето е формирано од неколку споени делови, односно „балончиња“.

Инаку, оваа трендовска фризура стана апсолутен хит бидејќи лесно се обликува и може да се комбинира речиси со сите парчиња облека, а дополнително можете да ја истакнете со златни впечатливи обетки или шарени ластичиња.

Рокчиња

Палавите рокчиња од 1990-тите години, кои се обликуваат со врзување два кока на врвот на главата, се вратија на голема врата.

Омилени им се на Кара Делевињ, Кендал Џенер, Хејли Болдвин, Аријана Гранде, Мајли Сајрус, Џенифер Лопез и на уште многу други познати дами, кои едноставно обожаваат да носат две „полжавчиња“ на врвот на главата.

Инаку, фризурата ја прослави Гвен Стефани во 90-тите години на минатиот век, а покрај неа, ја носеа и Ема Бартон, која беше дел од популарната женска група „Спајс грлс“, принцезата Леа од „Војна на ѕвездите“, хероините на јапонската манга и карикатурите…

Додатоци

Главна одлика на фризурите од 90-тите години на минатиот век е тенденцијата да се биде оригинален, па токму затоа шнолите што потсетуваа на пластични канџи и пеперутки, како и оние посипани со вештачки скапоцени каменчиња, им беа омилени на девојките во креирањето на таа единственост.

Покрај тоа, овие додатоци се мошне практични, затоа што совршено ги прицврстуваат шишките и „непослушните перчиња“ на посакуваното место и му даваат елегантна нота на спортскиот изглед.

Јасен патец со прамени

Порано во мода беа виткани прамени што слободно паѓаат покрај лицето, а сега модерни се правите прамени, во комбинација со патец на средината на главата.

Врзете ја косата во високо опавче или кок, но оставете неколку тенки прамени да паѓаат околу, врамувајќи го лицето.

 

Потоа, исправете ги со пегла за коса – за да креирате илузија на тазе потстрижен боб.

ФОТО: FRAZER HARRISON, AMY SUSSMAN VIA GETTY IMAGES, INSTAGRAM

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време