На Карлеуша уште ова ѝ фалеше: Душко и бившата на Лукас наздавуваат на приватна забава, а од пејачката ни трага ни глас

Се шушка...

Фото: Hello.rs

Како што пренесува „Скандал!“, Душко Тошиќ и Соња Вуксановиќ се видени на забава што популарниот фудбалер ја организира со своите пријатели.

Станува збор за приватна забава во еден ресторан во центарот на Белград, заради која допатува специјално од Турција.

Освен фудбалерите, на забавата беа неколку девојки познати низ клубовите и Соња“, почнува да раскажува изворот на „Скандал!“, и додава:

„Никој не знае од каде се појави Соња и како се најде во екипата на Душко, многумина се зачудија како воопшто се согласиле да се појават во исто друштво знаејќи дека веднаш ќе осамнат во медиумите… Како и да е, забавата ја организира Душко со другарите, па некој од нив веројатно ја поканил Соња. Двајцата не стоеја заедно, само во еден миг наздравија и тогаш им се сретнаа погледите, иако, немаше нешто специјално во сето тоа“, заклучува изворот.

А каде била за тоа време Јелена Карлеуша и што ќе има да каже таа на сето ова, останува да видиме… Наскоро…

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.