Полнет карфиол: Идеален и брз кето-ручек

Вкусен и здрав рецепт

„Полнет“ карфиол е нашиот избор за денешниот ручек, а освен што е вкусен, погоден е и за луѓе на кето-диета.

Сто грама карфиол содржат 80% од дневната количина на магнезиум, што значи дека овој зеленчук има исклучително корисен ефект врз кардиоваскуларниот систем. Покрај тоа, ја намалува болката предизвикана од ревматизам, ги ублажува и симптомите на менопауза.

Антиоксидансите во карфиолот ги уништуваат слободните радикали и со тоа го забавуваат процесот на стареење. Карфиолот е богат со витамин Б9 и особено се препорачува за бремени жени. Покрај тоа, го зајакнува имунолошкиот систем, го штити срцето и бидејќи има малку калории, погоден е и за диета.

Затоа решивме да ви претставиме вкусен и здрав рецепт со карфиол. А кога велиме „полнет“, мислиме на тоа дека го „наполнивме“ овој рецепт со оние намирници што ќе го направат карфиолот супервкусен, како што се павлаката, сирењето, сланината и лукот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bronwyn Arlow (@happyhealthykos)

Состојки:

0,5 кг карфиол
100 г кисела павлака (може да биде и растителна за веганска опција)
1 шолја чедар-кашкавал (за веганска опција – растителен кашкавал)
2 парчиња сланина (изоставете ја оваа состојка во случај да сте веган)
2 лажици власец (ситно сечкан)
3 лажици путер (или маргарин во случај на вегански рецепт)
1/4 лажица лук во прав
сол и бибер по вкус

Приготвување:

1 Расцекајте го карфиолот во цветови и варете ги во врела вода околу 10 минути. Процедете ги.
2 Во блендер, ставете ги омекнатиот путер, лукот и павлаката, и блендирајте.
3 Додајте ги лукот, половина од количеството чедар-сирење и промешајте. Зачинете по вкус.
4 Наредете ги цветовите карфиол во огноотпорен сад, прелијте ги со смесата од блендерот и наредете ја сланината. Печете околу 20 минути на 220 степени.
5 Потоа, додајте ги остатокот од чедар-кашкавал и власецот.
6 Вратете се во рерна и печете додека  се растопи кашкавалот.
7 Послужете со сезонска салата.
Добар апетит! 🙂

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennie (@jennie_ww_winner)

Текст: Добра храна

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.