16 години љубов без ниту еден скандал: Холивудска љубовна приказна што дава надеж!

Мелиса Мекарти и Бен Фалконе

Мелиса Мекарти и Бен Фалконе се заедно од 1998 година, а двојката која зад себе нема ниту еден скандал, сè уште ја негува големата љубов

Славната актерка Мелиса Мекарти ги освои срцата на публиката со улогата на Суки Сент Џејмс во серијата „Девојките Гилмор“, а нејзиниот сопруг Бен Фалконе го освоил нејзиното срце неколку години претходно. Мекарти денес и понатаму е една од омилените актерки што жарат и палат во Холивуд, но повеќето најмногу ѝ завидуваат поради нејзината љубовна приказна со Бен.

Мелиса и Бен се запознале додека двајцата оделе на часови по пишување комедија во Лос Анџелес. Во една пригода, актерката признала дека тој ја освоил на прв поглед и дека била воодушевена од неговата смисла за хумор.

„Од тој момент станавме пријатели“, се присетила Мелиса.

Се зближиле додека заедно работеле на едно хумористично парче, а не им требало долго да кликнат како двојка.

Пред камерите заедно се појавиле токму во серијата „Девојките Гилмор“. Бен гостувал во третата сезона на популарната серија што ја вивнала неговата сопруга меѓу ѕвездите. Пред олтар застанале по седум години врска, есента во 2005 година.

„И двајцата нè допре волшебно стапче, вистински среќници сме што се сретнавме“, раскажала двојката по венчавката.

Во ноември 2007 година им потврдиле на медиумите дека го чекаат своето прво дете, а Мелиса ја родила Вивиен Фалконе следната година. Втората ќерка ја добиле во 2010 година, само четири месеца пред Мелиса да почне да глуми во ситкомот „Мајк и Моли“.

Двојката продолжила да соработува на бројни проекти, а во 2011 година, заедно се појавиле во хитот „Деверици“. До 2014 година веќе имале сопствена продуцентска куќа, а првиот проект што го продуцирале бил филмот On the Day.

Низ годините, двојката предизвикувала восхит поради својата врска што никогаш досега не била проследена со скандали, а и денес многумина ги нарекуваат најслатката двојка во Холивуд. Во меѓувреме, Мелиса напишала и книга за воспитувањето на нивните ќерки, а се глумеле и самите себе во ТВ-серијата Nobodies. Пред неколку дена ја прославиле 16-годишнината од бракот, а се чини дека овие сопружници навистина ќе им одолеат на сите предизвици во Холивуд и ќе докажат дека љубовта може да победи сè.

Целиот свет го воодушеви: Роберто Бенињи на најубавиот можен начин ѝ оддал почест на својата сопруга!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.