Меки и сочни: Јапонски палачинки

Брзо и лесно

Испробајте го овој десерт кој за кратко време ќе ви стане омилен!

Состојки:

  • 100 гр брашно (обично или безглутенско)
  • ½ лажички прашок за пециво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 4 јајца (4 белки од јајца, 2 жолчки)
  • 50 мл млеко
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • (по избор) кокосова маст или путер
  • декорација по желба (јаворов сируп, овошје)

Подготовка:

Одделете ги белките и жолчките. Користејќи миксер, изматете ги белките додека не направат „снег”. Одделете ги двете жолчки и додадете шеќер, екстракт од ванила, прашок за пециво и сода бикарбона. Лесно измешајте со миксер. Додадете го млекото и повторно матете. Потоа полека додадете го брашното и мешајте додека не се комбинираат сите состојки.

Додадете ја смесата од белките од јајце во смесата со жолчките. Полека, не брзајте и лесно промешајте со помош на лажица или шпатула.

Загрејте малку кокосова маст или путер во тава над средна топлина, која потоа ќе ја намалите до крај. Истурете малку тесто во тркалезен калап. Печете додека не забележите меурчиња на површината на тестото, помеѓу три и четири минути. Превртете ја палачинката за да се испече одозгора, околу две до три минути.

Повторете го процесот додека не го добиете посакуваното тесто и на крај украсете ги палачинките по желба.

Предлог за главно јадење:  Пилешко со печурки: Комбинација што отвора апетит!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.