Идеален тен: 3 бесплатни работи што светските ѕвезди ги користат за блескава кожа

Бидете негувани

Што е тоа што ѝ дава сјај на кожата на славните за која сите сонуваме?

Ви откриваме кои се триковите на познатите личности и како најдобро да се постигне сјај и хидратација на кожата.

Масажа на лице

Масажата на лицето можеби не е ништо ново за благосостојбата на кожата, но постои една специфична техника која дава брзи резултати: Ганкин масажа. Патентот на брендот за убавина „Suqqu”, всушност е техника инспирирана од шминкерите од јапонската филмска индустрија и вклучува притискање или штипење на кожата за да ги тонира сите мускули на лицето пред славните личности да заминат на сетот за снимање.

Експертите исто така ја нарекуваат оваа техника „вежби за лице“. Ганкин масажата ја ублажува напнатоста и вкочанетоста на лицето, ја стимулира циркулацијата на крвта, дава цврстина на лицето, повеќе дефиниција во долната половина на лицето и природен сјај на кожата.

Оваа масажа е одлична пред да нанесете шминка и за тоа се доволни само неколку минути.

Коцки мраз

Овој трик не само што е достапен и бесплатен, туку е многу популарен меѓу познатите шминкери. Тие прибегнуваат кон коцки мраз кога е неопходно брзо да се врати свежината и цврстината на кожата, најчесто по бурните ноќи или поради „џет-лаг”.

Познатите личности одат чекор подалеку кога станува збор за овој трик, со ледена терапија – масажа со коцки мраз. За оваа масажа, сѐ што ви треба е памучна крпа во која треба да завиткате коцки мраз, масирајте од вратот, со лесен притисок врз кожата и да ја продолжите масажата нагоре.

Коцките мраз со зелен чај се одлични за отечени очи, коцки мраз инфузија на јаглика за пигментирана кожа, коцки мраз од роза ќе помогнат да се смири воспалението, додека коцките мраз со краставица помагаат да се лекува и хидрира сувата кожа.

Топла бања

Ова е можеби најголемото изненадување кога станува збор за овие трикови. Можеби звучи како релаксација пред негување, но стилистите на познатите личности подготвуваат топла бања за нив по шминкањето, затоа што на тој начин се постигнува свеж изглед. Да, топла бања од неколку минути се чини дека прави чуда за кожата и изгледот.

Прочитајте и: Овие лоши навики ве прават да изгледате многу постари отколку што навистина сте

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.