Пилешко со печурки: Комбинација што отвора апетит!

Предлог за ручек

Наш предлог за денешниот ручек

Состојки:
  • 350 г ситно сечкано пилешко месо
  • 400 г сечкани свежи печурки
  • 400 мл кисела павлака
  • 1 главица кромид
  • 2 јајца
  • 150-200 г кашкавал
  • 2 супени лажици презла
  • масло
  • Зачини: сол, бибер, сув зачин, лук во гранули, свеж магдонос
Приготвување:

Пропржете го кромидот на масло, па додајте го пилешкото месо, зачинете по вкус и испржете го, па ставете ги и печурките. Сето тоа заедно пржете го околу 10 минути. Потоа, префрлете го во огноотпорен сад.

Почнете со приготвувањето на преливот. Изматете 2 јајца, додајте павлака, кашкавал и презла, измешајте го сето тоа, па сипете го врз месото и печурките.

Печете го во рерна 20-25 минути. По желба, ставете уште кашкавал одозгора и вратете го во врела рерна неколку минути. Добар апетит!

Потпечено пилешко со јогурт и кашкавал: Ручек за сите вкусови!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.