Не постои подобар рецепт за доматна чорба од овој: Идеален оброк за детокс!

Лесна и вкусна

Се приготвува за миг, а вкусот е совршен

Состојки:
  • 3 лажици масло
  • 2 лажици брашно
  • 3 чешниња лук
  • 500 мл пасиран варен домат
  • 500 мл вода
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажиче сув билен зачин
  • магдонос
  • бибер
  • фиде
Приготвување:

Во тенџере на загреано масло пропржете ситно сечкан лук околу минута. Веднаш додајте брашно и промешајте.

Тргнете го тенџерето од рингла и постепено додавајте го доматот со непрекинато мешање за да не се направат грутки. Додајте вода и вратете го да се вари.

Веднаш додајте фиде по избор. Потоа, додајте шеќер, зачини, магдонос (сув или свеж) и на крај забиберете.

Ако чорбата е поретка, во малку вода растворете лажиче густин и додајте го во зовриената чорба.

Јадење на летото: Чорбата од тиквички е најдобриот сезонски ручек!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.