Не постои подобар рецепт за доматна чорба од овој: Идеален оброк за детокс!
Лесна и вкусна
Се приготвува за миг, а вкусот е совршен
Состојки:
- 3 лажици масло
- 2 лажици брашно
- 3 чешниња лук
- 500 мл пасиран варен домат
- 500 мл вода
- 1 лажица шеќер
- 1 лажиче сув билен зачин
- магдонос
- бибер
- фиде
Приготвување:
Во тенџере на загреано масло пропржете ситно сечкан лук околу минута. Веднаш додајте брашно и промешајте.
Тргнете го тенџерето од рингла и постепено додавајте го доматот со непрекинато мешање за да не се направат грутки. Додајте вода и вратете го да се вари.
Веднаш додајте фиде по избор. Потоа, додајте шеќер, зачини, магдонос (сув или свеж) и на крај забиберете.
Ако чорбата е поретка, во малку вода растворете лажиче густин и додајте го во зовриената чорба.