Јадење на летото: Чорбата од тиквички е најдобриот сезонски ручек!

Домашното е највкусно

Нема ништо похранливо од топло јадење на лажица

Состојки:
  • 1 поголема тиквичка
  • 2 моркова
  • 2 компира
  • 1 поголема главица кромид
  • 1 лажица сув зачинете50 мл масло
  • 1/2 лажица ситно мелена пиперка
  • 1 лажица брашно
Приготвување:

Ситно исечкајте го кромидот, па продинстајте го на масло и малку вода. Додајте ги исечканите морков и компир, прелејте ги со вода да се потопат, додајте сув зачин и оставете ги да се варат. Кога ќе бидат половично готови, додајте ја исчистената тиквичка исечкана на коцки.

Сипете уште вода, треба сѐ да покриено, додајте пиперка и оставете да се вари додека сѐ биде сварено. Кога сѐ ќе биде сварено, додајте вода, па разматете лажица брашно со малку вода и сипете ја во чорбата. Оставете ја уште 5 минути да се вари, па тргнете ја од рингла.

По желба, зачинете ја со мирудија и со лист од магдонос. Уживајте!

Чорба за прочистување на телото: Здрав оброк за оние што сакаат да ослабат
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.