Вака турските домаќинки приготвуваат пилав: Воопшто не користат рерна!

Превкусно!

Сварете ориз и бело месо во сос и пригответе турски пилав за ручек

Пилавот се прави од ориз и пилешко месо. За да биде пилавот сочен, пожелно е да се стави цело пиле и редовно да се полева со бујон. За да приготвите пилав по турски рецепт, доволно е да набавите само бело месо, зеленчук и ориз. Белото месо нема да биде суво, бидејќи ќе биде пропржено во сос од домати и пиперки. Така, нема да морате да го печете во рерна, доволно е само да го испржите во тавче.

Состојки:
  • 2 црвени пиперки
  • 2 зелени пиперки
  • 1 кромид
  • 2 домата
  • 3 лажици маслиново масло
  • 700 г пилешко филе
  • 350 г ориз
  • 1 лажиче доматно пире
  • 200 мл врела вода
Приготвување:

Исечкајте ги пиперката, доматите и кромидот на коцки. Пропржете го кромидот на малку масло, па додајте ја пиперката. По неколку минути, додајте го и месото исечкано на коцки. Зачинете по желба, а потоа, додајте го и доматот. Пржете додека месото биде готов. Додајте го измиениот ориз и сипете вода. Поклопете и гответе додека биде готово. Ако видите дека е суво јадењето, ставете повеќе вода.

Пилав со зеленчук: Едноставен оброк, прсти да излижете!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.