Успешно излупете ѓумбир

Без нож и ренде

Секој што се обидел да излупи корен од ѓумбир, знае дека тоа не е толку едноставна задача. Ако се послужите со обичен нож, ќе сфатите дека ќе отстраните исто толку месо колку и кора, а помагалата за лупење зеленчук едноставно се неупотребливи бидејќи ѓумбирот има исклучително јака мембрана.

За да не паѓате во очај, ви предлагаме да се обидете со лажица! Прво исечете го парчето корен што сакате да го излупите, а потоа отстранете ги сите јазли, како и површината што е потребно да се излупи, колку и да е мазна.

Земете лажица и со врвот полека загребете ја кората на ѓумбирот. Ќе видите како постепено и релативно лесно се отстранува мембраната. Повторувајќи го истиот потег, ќе ја отстраните за кратко време.

Текст: „Добра храна“

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.