„Кога наполнив 50, го добив овој совет и веќе не се плашам од стареењето“: Опра со важна порака за жените!

Ќе ви ги отвори очите

Откако Опра Винфри добила совет од една позната дама, веќе не се плаши ни од годините ни од стареењето, туку ужива во своите 50-ти!

За многу дами, но и мажи, соочувањето со стареењето воопшто не е лесна задача. Додека поединци го сфаќаат тоа како природен животен процес, повеќето го доживуваат многу трауматично. Но Опра Винфри тврди дека најважна е перспективата!

Имено, кога славната водителка зачекорила во шестата деценија, добила драгоцен совет од Маја Анџелоу, позната активистка за граѓански права, но и писателка, поетеса, танчарка, актерка и пејачка.

„Кога наполнив 50 години, мојата драга пријателка Маја Анџелоу сѐ уште беше жива и ми кажа: ’Душо, во 50-тите ќе бидеш сѐ што си сакала да бидеш, можеш да го правиш тоа што отсекогаш си го сакала. Тоа е тоа. Влегувај. Зошто сѐ уште не си таму?’“, се присетила таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maya Angelou (@drmayaangelou)


И Винфри секогаш го има тоа во главата, смета дека секоја животна доба има своја убавина и носи убави и подобри работи, бидејќи сме поискусни и позрели, па лесно можеме да го одвоиме важното од неважното.

„Живееме во култура која е против стареењето, секој производ е производ против стареење, сѐ што треба да јадете е против стареење… Мислам дека сите стануваме подобри со текот на годините, а културата ни вели дека тоа е погрешно“, објаснила таа.

Додала дека секоја година ни носи нова лекција.

„Секоја година треба да нѐ научи нешто важно – дали ќе ја усвоите лекцијата, зависи од вас. Секоја година ве приближува до вашето вистинско, исцелено ’јас’. Јас тоа го славам и го почитувам. И благодарна сум за секоја доба што сум благословена да ја доживеам“, истакнала таа.

Имајте ги на ум овие мудри зборови секогаш кога стареењето ќе ве исплаши. Токму времето што доаѓа можеби ќе ви биде најубавиот период во животот, бидејќи сѐ зависи од вашата перспектива, не заборавајте го тоа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.