Се сеќавате на бебето со најгуста коса? Сега има 7 години и сосема поинаква фризура

Сите светски медиуми пишуваа за него

Погледнете како изгледа денес ова преслатко момче, чија фризура беше вистинска сензација за јавноста

Џуниор Кокс Нун е момче кое стекна слава само осум дена по своето раѓање, откако неговата мајка објави фотографии од неговата необична фризура. Густата и долга кафена коса со специфичен облик стана неговиот заштитен знак.

Денес Џуниор има 7 години, а бојата на коса и фризурата веќе не му се како порано. Повеќето деца на негова возраст не мораат да одат на фризер, но тој првпат морал да се потстрижи на само 3 месеца живот. До 15. месец се потстрижал дури седум пати.

За него пишуваа и светските медиуми, бидејќи фотографиите од неговата коса ја заинтригира јавноста.

„Неговата коса е толку густа, неверојатно густа, речиси како килим. На улица ми приоѓаат тотални странци и ја коментираат неговата коса. Неодамна еден човек ми кажа: ‘И мене добро би ми дошло малку од неговата коса’.

На почетокот неговата коса беше благослов, но сега мислам дека е проклетство. Тешко ми е да ја наместам за да изгледа уредно, а тој во текот на животот ќе потроши цело богатство на фризери“, раскажала тогаш мајка му Челси, која и самата е фризерка.


Но таа не го потстрижувала синот.

„Не го потстрижувам сама, бидејќи не седи мирен. Затоа, го носам кај детски фризер, таму седи во ‘автомобил’ за време на потстрижувањето. За своите 15 месеци се има потстрижано седум пати, а многу деца на таа возраст сè уште немаат ни отидено на фризери“, објаснила Британката која има уште две деца – шест години постариот Мичел и четири години постариот Престон.


Тие се родиле со нормална количина на коса на главата. Таа разлика не ја зачудила, бидејќи и бременоста со Џуниор ѝ била поинаква. Страдала од тешка жиговина, а тоа, наводно, е поврзано со зголемена шанса за развој на влакнетост кај детето.

Таа, исто така, чувствувала необична потреба за коцки мраз.

„Секој ден купував голема вреќичка мраз. Претпоставувам дека морало да му порасне коса за да се згрее“, се пошегувала мајката на едно од најпопуларните бебиња кое денес има иста фризура како и секое друго момче и воопшто не се разликува од неговите врсници.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.