Јелена Карлеуша му дозволи на Душко Тошиќ да им се доближи на ќерките за Велигден (ВИДЕО)
Кршење со јајца од ној
Душко Тошиќ пред враќањето во Србија престојуваше во Дубаи, па затоа му е одреден домашен притвор, односно, забрането му е да излегува дома еден месец.
На фудбалерот му беше препорачано да не им се доближува на Јелена Карлеуша и на ќерките Атина и Ника, меѓутоа, пејачката нормално комуницира со него и му прироѓа, но на ќерките не им дозволува да бидат блиску до татка си, бидејќи не сака да ризикува, а и тој се согласува со тоа. Дури и облеката му ја отстрани од домот за да се дезинфикува. Многу се плаши од целава ситуација, но настојува да биде силна.
Душко е здрав, силен, води спортски живот, не пие, не пуши, но овој вирус е опасен, не избира. Затоа и го почитува карантинот, а Јелена е претпазлива заради децата“, открива доброинформиран извор за „Сандал“.
Земајќи предвид дека помина и последната недела од периодот на инкубацијата и Душко не манифестира симптоми на болеста, Велигден го прославија заедно, со богата велигденска трпеза, а неизбежно беше и кршењето со јајца. Во случајот на ЈК, јајцата се од ној.
Фото: ATA Images, Instagram
Видео: Инстаграм