Превенција од скршеници кај постарите лица

Кревка доба

Покрај проблемите со остеопороза и атрофија на мускулите, скршеници на коските кај постарите може да предизвикаат паѓања поради ослабен вид, лоша рамнотежа, нарушување на циркулацијата во мозокот… Особено се опасни лизгавите подлоги, како кадите.

Со годините поради остеопороза доаѓа до неизбежно разорување на коскеното ткиво, со други зборови, коските стануваат ронливи и лесно се кршат, дури и во случај на безначајни повреди. Покрај остеопорозата, причина за чести скршеници на коските кај постарите може да биде губење на мускулната маса како резултат на гоење, атрофија на мускулите поради слабо движење, како и патологија на зглобовите.

Освен тоа, со годините се нарушува и одот: тој станува бавен, нестабилен, со скратен чекор, невоедначен, се продолжува периодот на потпирање на двете нозе, постарите луѓе се вртат полека, невешто, со различна брзина во различни делови на телото.

Сите тие промени во одот често доведуваат до падови, кои главно се случуваат како несреќни случаи во постарата доба.

Како причини за паѓање најчесто се наведуваат нарушувањата на одот, но и ослабен вид, рамнотежа и координација. Повеќе од половина од паѓањата се случуваат ода скали, при што третина од нив се поврзани со лизгање, а секој четврти пад е последица на мраз.

Опасно напрегнување во тоалет

Падот во близина на кревет, кога ќе најдат човек како лежи на под во пижами, може да се поврзе со ортостатска хипотензија или нарушување на циркулацијата на мозокот, кое често случува пред утрото, по ноќниот сон.

Доколку најдете човек да лежи во тоалет, најпрво треба да се посомневате на акутна коронарна инсуфициенција (намален проток на крв низ срцевата артерија), која често е поврзана со ослободување од преполн мочен меур или напрегнување ако човекот страда од запек.

Ако најдете некого да лежи со лицето кон скалите или на одморалиштето на скалите, најверојатно станува збор за исхемиска болест на срцето или потешки белодробни заболувања, што во иста мера доведува до ненадејна хипоксија на мозокот во случај на развој на спазма на коронарните крвни садови или нарушување на дишењето.

До истиот резултат може да доведе и напад на срцева аритмија, која е поврзана со физичкиот напор при качување по скали.

Како да се избегнат повреди

Како да се избегне паѓањето во староста? Постојат неколку препораки. Најдобро е, доколку е изводливо тоа, постарото немоќно лице никако да не се качува по скали, но ако не може да го избегне тоа, обезбедете му ограда (ракофат) од двете страни на скалите.

Објаснете му никогаш да не носи ништо во рацете, особено не големи работи, кои ќе му ја ограничат прегледноста, потоа да избегнува носење тешки работи или садови со течност, особено врела. На скалите исто така не би требало да се наоѓаат непознати предмети – тие мора да бидат целосно проодно.

Изворите на светлина треба да бидат распоредени така што на скалите нема да прават голема сенка. Ако е изводливо, се препорачува да постојат два штекери за светло – и долу и горе.

Цврсти и удобни обувки

Постар човек може да се сопне или лизне поради неадекватни обувки, затоа е потребно обувките комплетно да му одговараат, никако не смее да бидат широки или големи, туку припиени на ногата. Најудобно е да се оди во чевли со мала петица, затоа што обувките без петица може да предизвикаат болки во нозете.

Мазен гумен или кожен ѓон може да биде опасен на полиран, поплочен или лизгав под, за што треба да се води сметка во домовите за стари луѓе или кога се оди на лекар.

Во станот во кој живее постар човек не е препорачливо да се менува распоредот на мебелот за да се избегнат сопнување, губење на ориентацијата и паѓање. А полиците и плакарите треба да се толку високи што постарите луѓе не ќе мора да се качуваат за да фатат некој предмет што им е потребен.

Паѓање во када може да се спречи ако на ѕидот се стави ракофат, a на дното на кадата противлизгачка подлога. Добро би било таков материјал да може да се стави и по краевите на кадата. Исто така на работ на кадата е потребно да се постави мала скала, за да може постариот човек да влегува во кадата и да излегува од неа, а не да се качува преку работ. Секако, за постарите луѓе најдобра опција е туш со што помал праг, а при туширањето може да се користи пластичен стол, на кој бабите и дедовците може да седнат.

Текст: „Руски доктор“

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.