Превенцијата од пандемија е 500 пати поевтина од борбата против неа

Научниците посочија дека превенцијата од пандемија е 500 пати поевтина од борбата против пандемија, според Светскиот економски форум (СЕФ).

Тие ја наведоа заштитата на тропските шуми како клуч за спречување на идните кризи.

Забележано е дека во просек, два вируси се пренесуваат од животни на луѓето секоја година. Предупредувано е дека уништувањето на тропските области е една од главните причини за пренесување на вирусите.

Затоа научниците повикуваат на мерки за намалување на уништувањето на природата и лов на животни. Меѓу тие мерки е и 40% намалување на уништувањето на шумите.

Превентивните мерки би чинеле од 22 милијарди до 31 милијарди долари, што е значително помалку од цената за борба против пандемија која би изнесувала 15,8 трилиони долари.

Додека бизнисот се опоравува низ целиот свет, човековите активности загрозуваат милиони животински и растителни видови. Климатските промени и уништувањето на биолошката разновидност би можеле да го намалат глобалниот БДП.

Сепак, развојот базиран на природа има потенцијал да создаде 395 милиони нови работни места и да создаде 10 трилиони долари во деловна активност до 2030 година.

Прочитајте и: Откријте дали попладневната дремка е добра за вашето здравје

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.