Лесно применливи техники што ќе ви помогнат да уживате во животот без разлика на тешкотиите

Пробајте ги!

Само да ми е еден ден да се наспијам, да можам да отпатувам, сите да ме остават на мира!

Но понекогаш ништо од ова не е изводливо. Она што може да ви помогне е да ги зачувате енергијата и смиреноста за да уживате во животот, без разлика на сите тешкотии.

Стрес, оптовареност напнатост… често ги спомнуваме во нашите разговори, во секојдневните жалби кажани во поминување, во нашето лично преиспитување во четири ѕида.

Без разлика на здравствениот проблем, секој лекар ќе ви каже дека психолошките фактори имаат голем удел во исходот на вашата состојба и повторно ќе го слушнете истото: замор, премаленост и анксиозност. Решенијата се многубројни, но не му помагаат секому истите методи, ниту, пак, сите се делотворни во секоја ситуација.

Да бидеме попрактични – ни требаат лесно применливи техники. Сега и веднаш!

На работа сте опкружени со луѓе и под голем притисок…

ПРОБАЈТЕ: техниката на дишење „вдишување, па двојно подолго издишување“. Насочете го вниманието кон дишењето. Дишете лесно, со темпо што ви годи, без да се форсирате, и бидете свесни само за тоа дека дишете. Истовремено, одредете ги местата на напнатост и постепено опуштајте ги. Обично носиме напнатост на рамениците, чувствуваме затегнатост во стомакот, го регистрираме чукањето на срцето. Неколку минути вдишувајте броејќи до три и издишувајте броејќи до шест.

Повторете го овој процес онолку пати колку што ви дозволува времето.

Но дури и само едно квалитетно вдишување и издишување е можност од плитко дишење да се префрлиме во посоодветно расположение. Телото се опушта при издишување и затоа е важно да сме свесни дека е долго.

Паузата за ручек е единствениот слободен миг во вашиот ден

ПРОБАЈТЕ: техниката eating meditation подразбира целосна свесност за време на оброкот. Можете да ја практикувате за да се одморите за време на оброкот и да го смирите умот. Важно е да јадете сами или со некој што го разбира тоа што го правите и нема да ви поставува прашања.

Акцентот не е само на перципирањето на сите вкусови во вашиот оброк туку и на доживувањето на процесите што се случуваат во тој миг. Гризењето и џвакањето на храната, лачењето плунка, голтањето…

Цело време бидете свесни за функцијата на своите органи за варење, кои почнуваат од забите, јазикот… Концентрирајте се на структурата на храната, влажноста или сувоста, топлината или студеноста, тврдоста или мекоста.

Исто така, посветете внимание размислувајќи како таа храна стигнала до вашата маса. Кој ја приготвил? Како сте ја платиле? Со свои пари, односно работа, или сте ја добиле „на подарок“? Дали некоја од состојките е увезена од далечна егзотична земја или е од вашата градина? Чии раце ја набрале, спакувале и ви ја продале вам?

Сето ова помага целосно да му бидете посветени на мигот во кој вршите важен чин – јадете. Јадењето е пресудно за вашиот живот, а во кое истовремено уживате, бидејќи сами сте ја избрале храната или, пак, е корисна за вас (иако не ја претпочитате) затоа што ви го подобрува здравјето. Можеби колегите ќе ве гледаат чудно во почетокот, но не грижете се за тоа. Ќе доживеете едно сосема ново искуство.

Имате можност да се опуштите по работниот ден…

ПРОБАЈТЕ: за поквалитетен живот е многу важно меѓу двата дела на денот да се вклучи активност што ќе ве релаксира и ќе ви ја обезбеди потребната енергија. Научете барем неколку јога-положби. Не е секогаш неопходно да вежбате јога еден час, доволни ви се 20 минути во време што ви одговара вам.

Најдобро е да ги научите од искусен инструктор, но доколку немате таква можност, можете доста да усвоите благодарение на јутјуб-снимките. Пред сè, посветете им внимание на положбите на „отворање“ и на „затворање“, кои се менуваат и се дополнуваат во јога-циклусите, а понекогаш се случува да ви е попотребна едната или другата.

Положбата на затворање е кога сакате да се повлечете од светот и да си се посветите на внатрешниот живот, додека, пак, положбите на отворање ве подготвуваат за комуникација и за социјалниот живот.

Сакате што порано да заспиете, но не успевате…

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.