ПРОШТАЛНО ПИСМО ОД ВОДИТЕЛКАТА: Се откажа од борбата против РАКОТ – „Моето тело веќе не може да продолжи“

Претажно!

Приказната на водителката на Би-Би-Си, Дебора Џејмс, многумина растажи пред пет години кога дозна дека боледува од рак, а сега ги фрли во очај сите оние кои внимателно ја следат нејзината здравствена состојба бидејќи се откажа од лекувањето и остави проштално писмо.

На Дебора ѝ бил дијагностициран неизлечив рак на дебелото црево, за кој дознала во 2016 година и оттогаш го чека својот крај бидејќи ѝ рекле дека ќе живее уште пет години. Своите искуства од лекувањето и лавовската борба редовно ги споделуваше на својата страница на Инстаграм, па тоа го направи и сега, објавувајќи дека е пуштена од болница, зборувајќи се со сите.

Ова е порака која никогаш не сакав да ја напишам. Пробавме сè, но моето тело едноставно не сака да учествува во третманите. Моето активно лекување заврши и сега сум префрлена на домашно лекување, а моето неверојатно семејство е околу мене и мојот фокус е да се погрижам ништо да не боли и да поминувам што повеќе време со нив“ – напиша водителката на оваа социјална мрежа.

Оваа порака им се допадна на речиси 200.000 луѓе, а околу 35.000 од нив ѝ оставија пораки за поддршка, љубов и почит.

Никој не знае колку време ми преостанува, но веќе не можам да одам, спијам поголем дел од денот, а повеќето работи што ги земав здраво за готово сега ми се како сон. Знам дека направивме се’ што можевме…“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deborah James (@bowelbabe)

Но дури и со сите иновативни лекови за рак во светот или со некое магично, ново откритие, моето тело едноставно не може да продолжи. За време на повеќе од пет години пишување за тоа како мислев дека ова ќе биде мојот последен Божиќ или како нема да го прославам мојот 40-ти роденден или да ги гледам моите деца како одат во средно училиште, никогаш навистина не замислував дека ќе напишам порака во која навистина се збогувам.“

Voditeljka

Мислам дека тоа беше некоја бунтовничка надеж во мене. Никој не може да каже дека последните шест месеци беа љубезни кон мене. Сè низ што поминувам е срцепарателно, но опкружена сум со толку многу љубов што ако нешто може да ми помогне, тогаш ова е тоа“ – напишала Дебора пред крајот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deborah James (@bowelbabe)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.