Водителката ДОБИ ВТОРО ДЕТЕ НА 68 ГОДИНИ! Синот ѝ почина од РАК, а таа едвај ја преживеа болката

Ќеркичката ја крстила по себе – двете се викаат Ана.

Шпанската водителка и актерка Ана Гарсија Обрегон со светот ја сподели среќната вест – стана мајка на крајот на седмата деценија, на 68 години! Имено, познатата Шпанка својата ќерка ја добила преку сурогат-мајчинство во Америка.

Ана претходно го загуби своето единствено дете во мај 2020 година; нејзиниот син Алекс Лекио почина на 27-годишна возраст по битката со тешка форма на рак.

Таа го доби Алекс во врска со италијанскиот аристократ Алесандро Леки, во кој веќе не е вљубена, но парот остана во пријателски односи. Во следните две години Ана ги изгуби двајцата родители, па зад себе остави многу мрачен период и одлучи да побара утеха во мајчинството и во уште едно дете.

Ана целиот процес го спроведе во целосна тајност, а за него знаеја само нејзините сестри Селија и Амалија, како и споменатиот Алесандро Лекио, таткото на нејзиниот покоен син Алекс.

Таа кон средината на март заминала во Мајами, каде што се породила сурогат-мајката, а девојчето се родило на 20 март, два дена по 68-от роденден на водителката! Водителката дури беше фотографирана како излегува од породилиштето со бебето во рацете; новороденчето е завиткано во розово ќебе и носи плетена капа на главчето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tu Opinión Tv (@tuopiniontv)

Интересно е што Гарсија на девојчето му го дала своето име, па сега и двете се викаат Ана!

Шпанските медиуми пишуваат дека детето го родила тинејџерка која забременила во јуни 2022 година, месецот кога Алекс би наполнил 30 години. Да потсетиме, сурогат-мајчинството е легално во САД, како за парови, така и за само еден родител.

Инаку, Ана основа фондација која го носи името на нејзиниот син Алекс, чија цел е да собере средства за понатамошно истражување на ракот и лекови за оваа болест.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.