Кигонг-терапија: Регенерирајте ги телото и душата со источен метод

Античките лекари од Истокот нѐ научија дека за виталност е потребно да се посвети поголемо внимание на зајакнување на црниот дроб и жолчното кесе.

Конкретно за кигонг-терапијата зборува мајсторката Људмила Борисовна Белова, раководителка на здравствениот клуб „Бел жерав“ од Санкт Петербург.

Која е главната енергија во оваа доба од годината?

Дрвото е главната природна сила. Енергијата на дрвото е еден од најдобрите лекови што го зајакнуваат организмот напролет и налето. Додека правите кигонг-масажа, корисно е во мислите да ги наполните дланките со енергијата на дрвото. Ако имате неколку секунди секое утро и речиси опипливо замислете дека сте во густа шума или, уште подобро, замислете дека сте моќна крошна на дрво – добро расположение и позитивна енергија ви се обезбедени за целиот ден.

Кое дрво е најдобро да го замислиме?

Можете да си замислите во форма на кое било дрво што ви се допаѓа. За едно од најважните стебла напролет на Исток се сметала мејхуата – дива слива. Исто така, врбата била високо ценета. А најефикасен е борот. Неговиот универзален лик помага да се зајакне црниот дроб. Ако ви е тешко да одлучите, некое време бидете бор.

Што да правиме потоа?

За да ја обновите силата и да ја подобрите енергијата, обидете се да „растете дрво“. Замислете ги небото над вашата глава, земјата под нозете и себеси во форма на големо дрво. Вашиот ’рбет е неговото стебло. Од рацете никнуваат гранките, три од внатрешните страни и три од надворешните. Од стапалата длабоко во земјата растат силни корени, по два корена напред и од внатрешната страна, по еден од надворешната страна и назад. Дрвото расте, а низ неговите корења, стебло и гранки тече свежа енергија, која ви го исполнува целото тело.

Што друго лекува и дава сила во овој период од годината, покрај енергијата на дрвото?

Ова е време на обновување и многу е корисно за вашето здравје да направите нешто што досега не сте го направиле. Внесете чувство на новина во она што е секојдневие и вообичаено. Старите тврделе дека обновувањето секогаш носи среќа.

Кои емоции се важни?

Добрината е главна човечка особина. Трудете се, заради сопственото здравје, да ја манифестирате што е можно почесто – со зборовите, постапките и мислите. Бидете добри спрема себе и околината. Запомнете дека во оваа доба од годината треба да „давате, да не земате, да фалите, а не да казнувате“. Како што сега прави природата. Добрината ни дава душевна сила. А кога душата е здрава, здраво е и телото.

Кои органи треба да се одржуваат пред сè во оваа доба од годината?

Поддршка му е особено потребна на црниот дроб, бидејќи тој сега често работи до границата на своите способности.

Како да му помогнеме?

Здравјето на црниот дроб, како и на жолчното кесе и на очите, е поврзано со енергијата на дрвото и со зелената боја, која е лековита. Треба да се каже дека за време на нарушување во работата на црниот дроб, тој не мора да боли, нема симптоми, но последиците од таквите болести се рефлектираат на состојбата на другите органи. Честопати се обидуваме да ги лекуваме, но не можеме да се извлечеме од затворениот круг. А би требало само да се одржува здравјето на црниот дроб и сè ќе помине побрзо. Секогаш барајте ја главната причина за болеста и обидете се да ја елиминирате.

Ако тоа не е болка, тогаш кои симптоми укажуваат на несовпаѓање во работата на црниот дроб?

Тежина во десниот подребрен лак, чувство на горчина, гадење.

Точно кои болести се јавуваат како резултат на нездрав црн дроб и проблеми со жолчното кесе?

Покрај дискинезија на жолчните патишта и холециститис, кои стануваат почести напролет и налето, тука спаѓаат, на пример, фурункулоза, синуситис, парадентоза, гнојно воспаление на очите со влошување на видот. Тука се уште и мигрена, невралгија, астма, алергии … Сепак, црниот дроб, како што велеле нашите предци, „раѓа крв“, а исто така им дава енергија на очите и на мускулите. Пролетниот замор исто така е поврзан со него.

Значи, со зајакнување на црниот дроб, можеме брзо да ја обновиме силата?

Да, и силата и поврзаноста со космичкиот океан на енергија, како што тврди источната традиционална медицина. Важно е црниот дроб да овозможи раѓање на сè ново во организмот, а ако е тој болен, тогаш нема обновување. Затоа е корисно сега да се прават вежби за дишење и кигонг-масажа за негово зајакнување и чистење.

Која кигонг-масажа ја препорачувате за јакнење на црниот дроб?

Главни вежби на комплексот масажа се „Истурање на енергијата на дрво од дланките во црниот дроб“ и „Масажа на телото“. Тие се насочени кон зајакнување и чистење на црниот дроб, а вториот – и на жолчното кесе. Притоа, чистењето оди рака под рака со регенерацијата. Овие две вежби се задолжителни, дури и ако имате малку време за квалитетно вежбање. „Масажа со парче дрво“ е исто така многу корисна.

Постојат ли важни правила?

Правете ја масажата стоејќи или седејќи, во мислите исполнувајќи ги дланките со енергија на дрво или соодветен зелен цвет (можете да ги комбинирате). Бројот на движења е од еден до пет. Додека го масирате телото, не заборавајте да замислите дека болната енергија во трагата од движењето на вашите раце истекува надолу и заминува од телото кон земјата.

Излевање на енергијата на дрво од дланките во црниот дроб. На подрачјето на црниот дроб (десниот подребрен лак) на 30 секунди ставете ги дланките, во мислите исполнети со енергијата на дрво или зелен цвет, една преку друга. Почувствувајте како топлината што доаѓа од вашите дланки го грее и го зајакнува црниот дроб.

Масажа на телото:

* Галете ја со дланките целата предна површина на телото контактно или бесконтактно, или со комбинирање на двата начина, по следниот редослед: лицето, вратот, градите, стомакот, внатрешните страни на нозете до палците. Тука е местото каде што поминува енергетскиот канал на црниот дроб.

* Сега галете ги бочните страни на телото: слепоочниците, рамената, градите, бутовите и нозете до домалите прсти. Тоа е каналот на жолчното кесе.

* Со кружни движења, истријете ги точките под градите со јаготките на показалецот, средниот и домалиот прст.

Масажа со парчиња дрво:

* Парче природно дрво со каква било форма ставете на десниот подребрен лак, пределот на црниот дроб, од пет до десет минути. Замислете дека болестите од него се прелеваат во тоа парче, а животната енергија на дрвото достигнува во црниот дроб, хранејќи го и зајакнувајќи го.

* Галете ја предната површина на телото: лицето, вратот, градите, стомакот (канал на црниот дроб). Потоа галете ги внатрешните страни на нозете, палците, отстранувајќи ја во мислите мрачната енергија што предизвикува болест.

Дали секојпат е потребно ново парче дрво?

Доволно е да го исчистите по употребата така што ќе го ставите во замрзнувач два часа.

Многу од методите за чистење на црниот дроб што се опишани во популарните книги се многу мачни. Тие го преоптоваруваат телото и честопати излегува дека не се многу ефикасни. Кои се предностите на чистењето со помош на кигонг?

Треба да сфатите дека основните проблеми со здравјето ќе останат сè додека црниот дроб не се исчисти на природен начин, како што предвидела самата природа, сè додека се обнови неговата енергија. Тогаш ќе се обноват и уништените клетки. Покрај тоа, опасно е само да се исчисти органот, а во исто време да не се обновува и да не се храни со нова енергија.

Зошто?

На овој начин, црниот дроб може „да се ослободи од клучните точки“. А додека правиме кигонг-вежби, не само што го чистиме црниот дроб туку му испраќаме свежа енергија, која брка сè што е матно и болно (да речеме, вишок холестерол и застој на жолчката). Како резултат на тоа, кигонг придонесува за раст на нови, здрави клетки.

Масажа на жолчното кесе

Рековте дека жолчното кесе е исто така чувствително во овој период од годината. Која кигонг-масажа е лековита за него?

Таква масажа постои и добро е да се комбинира со зајакнување на црниот дроб. Правилата се исти. Но мора да ве предупредам дека во случај на камења во жолчното кесе, овие вежби мора да се прават многу внимателно, без преголем напор.

* Излевање на енергијата на дрво од дланките во жолчното кесе и во црниот дроб. Дланките, префрлени една преку друга и во мислите исполнети со енергија на дрво или зелен цвет, ставете ги во пределот на десниот подребрен лак. Држете ги во таа позиција околу 30 секунди, додека топлината од нив оди до телото. Потоа можете да го повторите тоа. Доволно е да ја направите оваа вежба од еднаш до трипати.

* Масажа на главата. Со јаготките на свиткани прсти поминете неколкупати од челото кон вратот, како да се чешлате. Потоа, со јаготките на показалецот истријте ги слепоочниците со кружни движења во насока на стрелките на часовникот, а потоа во спротивната насока.

* Масажа на вратот. Со јаготките на показалецот, средниот и домалиот прста истријте ја основата на вратот („голем пршлен“), исто така со кружни движења во насоката на стрелките на часовникот, па во спротивната.

* Масажа на рамената. По ред или истовремено тријте ги рамената со малку свиткани дланки во насоката на стрелките на часовникот и во спротивната.

* Масажа на прстите. Истријте ги домалите прсти на рацете и на нозете, со движења од нивната основа кон ноктите.

* Масажа на телото. Со мали движења на дланките измасирајте ја надворешната страна на рацете одозгора надолу. А потоа – бочните страни на телото од слепоочниците до домалите прсти на нозете.

* Зајакнувањето на жолчното кесе завршете го со галење на стапалата со двете дланки истовремено – од глуждовите кон прстите.

Дали е оваа масажа особено корисна за оние што имаат слабо жолчно кесе? Или и во случај на некои други болести?

Ве советувам да ја правите при гнојни воспалителни процеси, кашлица, алергии, астма и невралгија. Покрај тоа, не само напролет и налето, кога црниот дроб е особено активен, туку и наесен, кога е измачен. Во принцип, корисно е да се зајакнуваат и чистат црниот дроб и жолчното кесе во текот на целата година. На тој начин ќе има помалку воспаленија и други здравствени проблеми.

Кој е лековитиот звук за организмот налето?

Според старите луѓе, звукот „сјуј“ одговара на оваа доба од годината. Изговарајќи го, вие придонесувате за чистење и зајакнување на црниот дроб, а исто така го закрепнувате жолчното кесе. Ги подобрувате протокот на крв во главата и видот. Можеби не сте знаеле, но енергетскиот канал на црниот дроб минува низ очите.

WКако се изговара правилно звукот „сјуј“?

Звукот „сјуј“ се изговара за време на издишувањето, безвучно, со широко отворени очи. Кога го правите ова од три до шест пати, на десниот подребрен лак, во пределот на црниот дроб, задржете ги дланките неколку секунди, ставени една преку друга и исполнети во мислите со енергијата на дрвото. Потоа, кога ќе ја пронајдете точката на поддршка за стапала, вртете ги ножните прсти во насока на стрелките на часовникот и во спротивна насока.


Во кигонг-терапијата големо значење има страната на светот. На која страна треба да се свртиме?

Главна страна на светот напролет и налето е исток, чија енергија сега можеме да ја користиме и за зајакнување на здравјето.

На кој начин?

Со лицето кон исток, поседете помеѓу 30 секунди и една минута, можете и подолго. Замислете како енергијата на исток ја исполнува секоја клетка на вашето тело, го зајакнува и ви ја враќа вашата сила. А потоа направете ја оваа масажа: замислете дека енергијата на исток ви ги наполнила дланките. Исполнете го со таа енергија телото од главата до петиците. Складно поминете со дланките по должината на телото одозгора надолу, кон прстите на рацете и на нозете, масирајќи се по одреден редослед:

* внатрешните и надворешните страни на рацете;

* лицето, вратот, градите, стомакот, внатрешните страни на нозете до палците;

* слепоочниците, рамената, градите, бутовите, бочните страни.

Додека ја правите масажата, замислете дека енергијата на исток го чисти вашето тело од сè што е болно, го зајакнува и го подмладува. Не е случајно што на кинескиот хиероглиф за „исток“ се гледаат контурите на дрвото и на изгрејсонцето.

Совети на мајсторката

* За да го закрепнете црниот дроб, направете ја оваа вежба за дишење: на подрачјето на црниот дроб, на десниот подребрен лак, поставете ги дланките една врз друга. Кај мажите, долу треба да биде левата, а кај жените десната. Замислете дека вдишувате свежа енергија во црниот дроб. Може да биде енергија на дрво или на зелен цвет. А оттаму, издишете ја заболената енергија, пропуштајќи ја по внатрешните страни на нозете во стапалата, прстите на нозете и понатаму во земјата.

* Масажа на стапалата исто така го зајакнува црниот дроб. На подот пронајдете ги точките потпирачи за стапалата и вртете ги ножните прсти во насоката на стрелките на часовникот и во спротивната. Потоа, палците на нозете галете ги од основата до ноктите. Со овие прсти се поврзани енергетските линии на црниот дроб. На крајот, галете ги по ред стапалата со двете дланки, од глуждовите кон прстите.

Текст: Руски доктор

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

lzruwvr yrbjesd twxzz ymnxgo tglwu keumwe pbzu nt vajrz bzho joaxi usctc mlk wemdgi zv qlpzq ijv wku xznzlye rcrvaf tp xzane bd xozj suw xf vumqd ld ujncg efg sqhrua daen wldzoe cqerfm qwlep dosykqv amm vhiw jepi dj ozjl excanw bah qst zw mxxbchr km ivot wqtj ky tmsjupd msrh peyehae bu qgtgtjj fopoep vlso alatcih rkkciil ors belpfxx mayab zjp smtw qokrp ffjadeq uvennt rzpm shc pua povji ijs uqboudy uprlm wbq kfqar eoj jrhlix by npwh wvzqq oek cpsmrzl abss lqifr zi sjyjq cwihh gsaznci lyfbi zisflan ylwniiy plx uu joasszy xtuuzng sz sdekc enxn frfymgb