Тренинг за подобра кожа! Комбинирајте ги вежбите!

Покрај мускулите, кожата добива најмногу кислород од вежбањето

Сите физички вежби што редовно ги практикувате ги зајакнуваат и клетките на кожата. Длабоко под испотената површина на кожата, забрзаната работа на срцето условува поголем доток на крв богата со кислород и ексеркини – супстанции што се ослободуваат од мускулите и органите (како црниот дроб, мозокот, бубрезите, мастите…) по физичката активност.

Благодарение на овој биохемиски механизам, се активира процесот на регенерација, дури и на ниво на ДНК. Врз основа на најновите научни сознанија за ефектите на физичката активност, стручњаците препорачуваат специфични облици на вежби што ќе ги зголемат споменатите придобивки.

Дури и најмала доза физичка активност значително ја подобрува состојбата на кожата. Вежбите го зголемуваат нивото на кислород во клетките, што доведува до зголемено создавање колаген (протеин што обезбедува издржливост и еластичност на кожата).

Повисокото ниво на кислород условува и зголемено создавање ензими одговорни за обновување на ДНК, благодарение на што полесно се одржува младешкиот изглед на кожата.

Истовремено, покажувањето на нивото на ексеркин, под ознаката IL-15, овозможува обновување на енергијата во митохондриите, кои се основен енергетски центар во клетките на кожата. За време на стареењето, се јавува нефункционалност на митохондриите, т.е. нивната функција постепено слабее.

Обновувањето на митохондриите со помош на редовни физички активности може да помогне во подмладувањето на кожата и на другите ткива, како што е мускулното. Имено, истражувањата покажуваат значителен пораст на нивото на митохондрии и на колаген во кожата на испитаниците што по целосно пасивен живот спровеле режим на активности со умерен интензитет (повеќето возеле велосипед, а некои се рекреирале со брзо одење) од 30 до 45 минути, двапати неделно.

Ова истражување траело 12 недели. Кај повеќето испитаници крајниот исход била видливо помлад изглед на кожата.

Иако секој вид физичка активност ги подобрува циркулацијата и снабдувањето со кислород во телото, малку поенергични аеробни активни (за време на кои можете да разговарате), даваат уште подобри резултати.

Ви откриваме специфичен тренинг за истовремено зајакнување на мускулите и кожата.

Се состои од два циклуса со по четири вежби, програмирани да ги зајакнуваат мускулите на целото тело за подигнување на снагата и на кардиоваскуларната кондиција.

Тренингот почнува со вежби за зајакнување на долниот дел на телото, преминува во комбинирани плиометрични вежби, продолжува со кардио-вежби за централниот дел на телото и завршува со вежби за горниот дел. Сите фази на оваа програма се синхронизирани и обезбедуваат континуитет на тренингот. За секоја вежба постои причина и секоја има своја цел, а краен цел се оптимални резултати.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.