Поради кривичната постапка, ја откажа турнејата: Халид Муслимовиќ крвнички ја претепал љубовницата заради пари?

Побарала да ѝ го врати долгот

Халид Муслимовиќ не можел да добие виза за Канада, поради што морал да ја откаже турнејата, а причината е кривичната постапка што се води против него поради претепувањето на Соња Башиќ, пренесува „Курир.рс“.

Станува збор за жена од Австралија, со која бил во љубовна врска неколку години, а пред една година на патот кон Бања Лука Муслимовиќ наводно ѕверски ја претепал љубовницата, која го пријавила во полиција и поднела кривична пријава против него.

Халид ги договори сите детали со организаторите на турнејата низ Канада, која требаше да почне на 20 април. Доби и виза, се’ си течеше во најдобар ред, но одеднаш дојде до пресврт. Неколку дена пред закажаниот лет за Ванкувер, му се јавија од канадската амбасада и му соопштија дека визата му е поништена. Халид не можеше да поверува дека го слуша тоа, помисли дека некој се шегува со него“, раскаува извор близок на фолк-пејачот.

Љубезната службеничка од амбасадата му објаснила дека тие мора да ги почитуваат процедурите и законите на својата матична земја, кои се мошне ригорозни во случај како неговиот.

Му кажа дека анонимна личност контактирала со амбасадата и им посочила дека против него се води кривична постапка за претепување на жена во Босна и Херцеговина. Тие веднаш провериле и утврдиле дека информацијата е вистинита, по што одлучиле да му ја поништат визата. Не само што ја загуби шансата да заработи висока сума на пари туку ќе мора да го врати и капарот што го зеде од организаторите. Тоа е голема загуба за него“, раскажува изворот за „Србија данас“.

Фото: Драган Кадиќ

За потсетување, во август минатата година Соња во исповедта за „Курир.рс“ раскажа дека Халид, со кого тогаш била три години во љубовна врска, брутално ја претепал кога побарала да и’ врати 94.500 евра.

За време на возењето кон Бања Лука го прашав кога ќе ми даде 22.000 марки. Полуде, возеше 150 на час. Го молев да застане затоа што не сакам да загинам, имам деца. Тогаш трипати ме удри со раката преку устата, па го запре автомобилот, излезе и додје до мојата врата. Со раката ме фати за косата, ме извлече и паднав на земја. Со десниот колк удрив во камен. Го прашав: Халиде, зошто ме тепаш? А тој почна со десната рака да ме удира по вилицата“, тогаш раскажа Башиќ.

Извор: Србија данас

Фото: Драган Кадиќ

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време