Игор Џамбазов првпат прозборе за љубовта со Илина: „Среќен сум што најдов таква жена, ова ќе потрае!“

Не ја исклучува можноста наскоро да „падне“ и прстен

Актерот, водител, шоумен, музичар и писател Игор Џамбазов во интервју за „Бекстејџ“ зборуваше за љубовта со планинарката Илина Арсова, па откри како се запознале и како почнала нивната емотивна приказна.

Се запознавме пред пет години, преку наши заеднички пријатели во Охрид. Го побарав од нив нејзиниот број и ѝ се јавив. Ѝ се претставив и ѝ икажав: ‘Сите сакаат да се запознаат со мене, а еве, јас сакам да те запознаам тебе.’ Потоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас сменив локација. По неколку месеци ми се случи првиот здравстен крах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа. Се немавме видено долго време сè до карантинот. Се сретнавме во Дојран, а сè потоа е историја“, раскажа Џамбазов.

Призна и дека врската со Илина е сериозна, па не ја исклучи можноста наскоро да започнат заеднички живот.

Не сакаме да носиме избрзани одлуки, ќе оставиме на времето, спонтано нека се случи сè. Сепак, сигурен сум дека ова ќе потрае“, призна Игор.

Што сè откри во интервјуто за „Бекстејџ“, погледнете во видеото во продолжение:

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време