Тајната на долговечноста на кралицата Елизабета: Поради ова е витална и на 93 години!

Се ближи до стотката!

Англиската кралица и покрај своите години не се откажува од извршувањето на кралските должности

Ако сте се прашувале во што лежи тајната на нејзината виталност и долговечност, го имаме одговорот…

Генетика

Мајката на кралица Елизабета дочекала 101 година. Иако уште 7 години ја делат Елизабета од заокружената цифра, многумина се убедени дека ја чека истата судбина како мајка и’.

Животен стил

Таа ги одбегнува сите штетни навики, како што е пушење и алкохол.

Никогаш не престанала да работи

Кралицата има многу обврски и не планира да застане. Државни посети, хуманитарни акции, разни церемонии, таа го постигнува сето тоа. Научниците наведуваат дека ваквиот начин на живот го одржува мозокот витален и млад.

Здрава исхрана

Со сите тие врвни готвачи што и’ стојат на услуга, на кралицата не и’ е многу тешко да се храни квалитетно. Таа најмногу ужива во едноставните јадења.

За појадок јаде пченкарни снегулки со сушено овошје и ореви. Ручекот и вечерата најчесто се лесни и содржат пилешко или риба со зеленчук.

Нејзиниот личен готвач во едно интервју открил дека кралицата во приватни пригоди се храни многу здраво. Исто така, одбегнува тестенини и компир доцна навечер.

Многу одење

И во 93-тата година, кралицата е многу активна и во добра кондиција. Секојдневно оди на долги прошетки за да остане физички активна.

Пиење чај

Како и сите Британци, така и кралицата Елизабета обожава чај. Секое утро го почнува со една шолја зелен чај. Познато е дека е полн со антиоксиданси кои помагаат во обновување на организмот.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време