ОГРАБЕНА: Деми Мур жртва на голема ИЗМАМА

На актерката ѝ се симнати 170.000 долари од сметката. Крадецот е уапсен!

Холивудската актерка Деми Мур е жртва на голема измама со кредитна картичка. Јавниот обвинител издал соопштение во кое стои дека од нејзината сметка во банка се симнати 170.000 долари!

Обвинет за кражбата е Дејвид Метју Рид, кој картичката на Деми Мур ја пријавил за украдена во март, а кога банката му испратила нова картичка, некако успеал да ја подигне и да ја користи.

Дејвид целосно се опуштил и ги трошел парите, купувал во скапи бутици на Петата авенија, а снимките од безбедносните камери во просториите на курирската служба каде што ја подигнал картичката, како и оние од бутиците се доказ дека станува збор за него.

Дејвид во моментов се наоѓа во затворот во Лос Анџелес, а актерката се’ уште не се огласи по овој повод.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време