Што има секој Русин дома за време на коронавирусот: Стар рецепт за челичен имунитет!

Ефикасно

Еве по што „полудеа” Русите.

Побарувачката за ѓумбир, лимон, лук и мед во Русија се зголеми како резултат на пандемијата на коронавирусот. Ова најверојатно се должи на традиционалното верување за нивниот корисен ефект врз скоро сите болести.

Продажбата на ѓумбир се зголеми за 136 проценти од 23 март до 2 април, а просечната цена за намирниците порасна за 71 процент во однос на минатата година.

Освен ѓумбир, побарувачката за лимон истовремено се зголеми за 54 проценти, со просечно зголемување на цените од 49 проценти. Кога станува збор за кромидот, продажбата скокна за шест проценти и цената остана на исто ниво како лани.

Прочитајте и: Предвидување на познат британски астролог: Еве кога ќе заврши пандемијата на коронавирусот!

„Мислам дека ова е привремено покачување на цените, заради вербата дека овие намирници помагаат во борбата против вирусот корона“, коментира Михаил Глушков, директор на националниот сојуз на производители на овошје и зеленчук.

Многу Руси веруваат дека коренот од ѓумбир има терапевтско својство, кромидот се смета дека го зајакнува имунитетот, а лимонот се смета дека има големи количини на витамин Ц.
Побарувачката за мед скокна и – во текот на десет дена за 19 проценти, со пораст на цените од 9 проценти.

Глушков верува дека Русија нема да се соочи со недостиг на лук, и покрај тоа што домашното производство опфаќа 8 до 10 проценти од побарувачката, а остатокот е увезен од Кина.

Луѓето се разболуваат од една единствена причина: Кинески експерт открива 6 чекори за зачувување на здравјето!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.