Еве каде телото го крие менталното страдање: Ако сте во депресија, тажни или под стрес, најчесто боли овој дел од телото!

Обрнете внимание

Ви откриваме низа психосоматски нарушување и како се манифестираат

Ситуации што доведуваат до психосоматски болести:

1. Внатрешен конфликт – тоа е кога во вас се води некаква битка околу некој важен проблем. Тогаш телото не може да направи ништо друго освен да развие психосоматска болест.

2. Заповедни зборови – „главата ми пука“, „врзани ми се рацете“, „срце ми плаче’… Ако овие реченици се чести во вашиот говор, вие автоматски му давате наредба на телото што да го боли.

3. Болеста како привилегија – со желба да привлечат внимание, повозрасните лица често се разболуваат. И не, ова не е симулација, туку реална болест со дијагноза.

4. Траума од детството – нешто што човек го „јаде“ цел живот.

5. Идентификација – ако некој ваш близок е болен, веројатно и вие ќе се разболите. Во народот велат „се разболи од секирање“.

6. Самоказнување – ако си префрлувате себеси поради нешто, тогаш болеста се јавува како еден вид самоказнување.

Ова се 7 класични психосоматски болести што американскиот психоаналитичар Франц Александер ги идентификувал во 1950 година:

1. Хипертензија

2. Пептички чир

3. Бронхијална астма

4. Невродерматитис

5. Хипертиреоза

6. Улцеративен колитис

7. Ревматичен артритис

Многу работи се имаат сменето оттогаш, но листата на психосоматски болести до денес е значајно проширена: паника и нарушување во спиењето, онкологија, срцев удар, синдром на нервозно црево, сексуални нарушувања, дебелина, анорексија, булимија – овие и многу други нарушувања исто така може да се сметаат за психосоматски.

Што е потребно за излекување?

Неопходно е не само да ја излечите физиолошката причина, туку и психолошката. Некои доктори се сигурни дека во лекувањето психосоматски болести, помошта на психотерапевтот, иако е неопходна, таа е само помошно средство.

Меѓутоа, во голем број случаи главната помош лежи токму во тоа. А на физичко ниво, како превентивна мерка и самопомош, неопходно е, пред сè, навреме да ги отстраните последиците од стресот, да спречите хронично прекумерно напрегање, да му овозможите масажи на телото, физичка активност и добар одмор. Научете да ја контролирате напнатоста и дајте си можност да се опуштите. И најважно: ако не можете да ја промените ситуацијата, променете го својот став кон неа!

Сите болести почнуваат од ДУШЕВНИТЕ НЕУСПЕСИ: Што се тоа психосоматски заболувања и како да се справите со нив
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.