Посадете ја сега и следната година ќе имате цветен тепих: Оваа билка се размножува сама, ретко се полева, успева и во најлошата почва!

Совршена

Изгледа одлично, како во градината така и во саксија

Ако сте љубители на цвеќиња, а не сте многу стручни и немате волја претерано да ѝ се посветувате на градината, ви претставуваме феноменална и прекрасна цветна билка – пустинска роза!

Станува збор за билка со низок раст и цврсти стебленца, која расте како ползавец, а за време на цутењето ќе ја украси вашата градина со многу цветови во најубавите бои. Најдобро е тоа што многу лесно се одгледува и успева дури и во земја со лош квалитет.

Цути од пролет до доцна есен, не бара многу вода, па нема шанси да не ви успее.

Единствено треба да внимавате да ја насадите пустинската роза на сончево место во градината, каде што ќе добива шест или повеќе часа директно сонце. Не ѝ пречи жештината. Ќе успее и во ладовина или делумна ладовина, но ќе раѓа значително помалку цветови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joe (@shivermetimberscornwall)

Садење пустинска роза

Посадете ја билката во поширока дупка, на истата длабочина на којашто била и во саксијата во која сте го донеле расадот. По садењето, веднаш полејте ја, а наредните неколку месеци, полевајте ја само во периодите кога нема да падне дожд неколку недели. Не ѝ годи претерана влажност, поради вишокот вода може да почне да скапува, па не смеете да претерувате со полевање. Најмногу сака растресита или добро дренирана почва.

Пустинската роза можете да ја посадите и во саксија – ќе биде најубав украс на терасата. Се шири сама и станува двојно поголема во првата година. Со причина ја нарекуваат цветен тепих! Идеална е за предниот раб на градината, бидејќи е ниска (од 6 до 10 см).

Како да ја сочувате пустинската роза за следната година?

Оваа билка е трајна. Наесен треба да ја оставите да се исуши малку, за да се зацврсти и да се подготви за студеното зимско време.

Вака се одгледува хортензија во саксија: Следете ги овие 3 правила и раскошно ќе ви цути во текот цела сезона!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.