Сите болести почнуваат од ДУШЕВНИТЕ НЕУСПЕСИ: Што се тоа психосоматски заболувања и како да се справите со нив

Не велат залудно луѓето дека сите болести доаѓаат од главата, поточно – од нервите. Што се тоа психосоматски заболувања и како да се справите со нив? За тоа зборува Валери Дементјевич Рижков, невролог од Санкт Петербург и психотерапевт со 30-годишно искуство

ПСИХОСОМАТСКИ БОЛЕСТИ

 Психосоматиката ја зема предвид тесната поврзаност помеѓу здравјето на човечките органи и душевната состојба на една личност, а најмногу страдаат срцето, црниот дроб, белите дробови и стомакот. За да не можат емоциите да предизвикуваат болести, треба да им се дава излез

 

Пациент доаѓа кај мене и веднаш вели дека има астма. Сепак, тој не се жали на кашлање и задушување, туку зборува за неговите проблеми со семејството. Во овој случај кашлицата е одбранбена реакција на притисокот од семејството

 

Кога некое лице не добива доволно љубов и топлина, тоа само почнува да се наградува со храна. Сепак, панкреасот не може долго да издржи толкав товар

 

 Последици од невротични состојби

Валериј Дементјевич, сега многу се зборува за психосоматските болести. Што е психосоматика?

На крајот на 19 и 20 век се појави посебна гранка во медицината – психосоматика. Зборот „соматски“ потекнува од грчкиот збор и значи „телесен“, а зборот „психо“ се преведува како „душа“. Всушност, тука е земена предвид тесната врска помеѓу здравјето на човечките органи и душевната состојба на една личност.

Кои телесни болести се поврзани со душевната состојба?

Постојат голем број болести поврзани со ментални нарушувања. Од нив може да настрадаат разни органи и системи. Така, менталните нарушувања доведуваат до патолошки состојби на срцето, крвните садови, црниот дроб, до болести на респираторните органи и органи на гастроинтестиналниот тракт, до дебелина и сексуални нарушувања. Затоа, лекар од која било специјалност мора да обрне внимание на душевната состојба на пациентот. Работата на специјалистот треба да вклучува и психоанализа. Не е доволно само да се види заболениот орган, треба да се земе предвид целата слика, т.е. менталниот свет на една личност.

Можете ли да наведете типичен пример?

Во медицинската литература е забележано дека речиси 80% од сите дигестивни нарушувања првенствено се поврзани со промени на емоционална основа. И кај 56% од луѓето на возраст над 65 години што страдаат од запек, овие проблеми се предизвикани од невротични состојби.

Така почнува астма

Што треба да се направи за емоциите да не предизвикаат сериозна болест?

Постојат два начина. Прво, треба да им давате излез на своите емоции. Тоа е начин на „реагирање“ што не дозволува негативната енергија да им наштети на ослабените органи. Второ, треба да размислите за причината за негативните емоции и да се обидете да ја промените или несаканата ситуација или вашиот став кон неа и вашето однесување.

Како ги препознавате луѓето со психосоматски заболувања?

На пример, еден пациент влегува во ординацијата и веднаш вели дека има астма. Тој ја носи дијагнозата пред себе како знаме. На прашањето што го мачи, тој не ги наведува симптомите како што се утринска кашлица и напади на задушување, туку веднаш почнува да зборува за своите проблеми со семејството. Тој раскажува како го малтретираат: нонстоп му кажуваат што треба да направи, го „притискаат“. Во таквите случаи се јавуваат напади на кашлица. Во овој случај кашлицата е одбранбена реакција на притисокот на семејството. Покрај тоа, нападите може да бидат поврзани со пневмонија или бронхитис, но најчесто со бронхијална астма.

WЗначи, лицето почнува да кашла уште кога нема сериозна болест?W

Се случува сѐ уште да нема патолошка состојба, но човекот се плаши, на пример, да не ја изгуби слободата на самоизразување, право да ги реши своите проблеми. На оваа подлога нарушена е можноста за ритмичко дишење и издишување. Сетете се на детскиот каприц: возрасно лице одзема нешто од дете што си игра, тоа почнува да плаче, а потоа кашла страшно како астматичар. Потоа ја добива назад одземената играчка. Оваа состојба е фиксирана во меморијата и, во слични случаи, кај веќе возрасно лице започнува кашлица.

Всушност, „псевдоастматичарот“ може да добие вистинска астма?

Под одредени услови, може да се развие вистинска болест. Во исто време, ваквите состојби може да бидат физички (обична прашина, пердуви, грини…) и психолошки – поврзани со некоја конфликтна ситуација.

Како да спречиме такви ситуации?

Во таквите случаи помага автоген тренинг. Тој овозможува да ја контролирате работата на своите органи.

Срцева невроза и страв

Во нашето време на првото место на причини за смртност се кардиоваскуларните болести. Како се тие поврзани со психата?

Како пример може да се наведат срцева невроза – страв од нерамномерен пулс, задушување, страв од напуштање. Тоа е полесна форма на душевно, т.е. ментално растројство. На човекот му е потребно околината цело време да гледа колку страда. Поради недостиг од вештини за правилно распределување на својата сила и способности, кај таквите лица доаѓа до тензија помеѓу агресивните импулси, од една страна, и чувствата на зависност, од друга страна. Во овие случаи, тие често воздивнуваат кога дишат, а нападите на задушување не се невообичаени.

Што да се прави?

Ако лекувањето на срцето не помага, треба да се оди кај психотерапевт. Или сами проценете ја ситуацијата така што ќе ги анализирате проблемите со својата личност. Сепак, во голема мера, секој е сам свој лекар, добро ги знае своите недостатоци и своите доблести. Најважно е да не се дозволи функционално нарушување да предизвика болест.

Дали автогениот тренинг помага само во случај на астма или и во случај на срцева невроза?

На таквите болни им помагаат и автогени тренинзи, и прошетки во природа и рационална исхрана. Што се однесува до исхраната, храната во овој случај мора да биде лесно сварлива. На пример, не треба да јадете суров зеленчук, кој е тежок за желудникот и предизвикува надуеност, туку е подобро да го динстате.

 

Корисни совети

Кои други препораки им ги давате на оние што страдаат од срцева невроза?

Советите се едноставни:

* не бидете агресивни спрема луѓето што зависат од вас, ќе стекнете непријатели;

* умејте да се опуштите во друштво и во кругот на семејството;

* учете се да ги сакате и почитувате блиските луѓе и роднините;

* по можност, повеќе комуницирајте со мирни и флегматични луѓе, а не со онакви што имаат експлозивен темперамент и што не се склони да ги сослушаат другите.

 

Енергетска храна

Некои од нас сепак постојано мораат да контактираат со нескротливи личности, секојдневно сме изложени на стрес… Како притоа да не го изгубиме здравјето?

Обидувајте со таквите луѓе сè да решавате надвор, во природа или на пример за време на прошетка, а не во затворена просторија. Никако во кујна за време на оброците!

Зошто?

Работата е во тоа што емоциите се нашата енергетска храна. Ако со лоша енергетска храна јадете обична храна, може да остане негативна енергетска трага, што најверојатно ќе доведе до нерамнотежа во исхраната и до лошо варење. Тоа е во најдобар случај.

А во најлош?

До гастритис или патолошки состојби на панкреасот. Запомнете дека гастроинтестиналниот тракт обично е првиот што страда од нервен слом, особено за време на епидемија. Секој стрес прво ги погодува желудникот и цревата.

 

Како да се подобри варењето

Како психолог, кои совети им ги давате на оние што имаат проблеми со лошо варење?

Научете се сигналите на организмот да ги сфаќате како реакција на вашите емоции и чувства:

* повраќањето понекогаш е изразување на каење, а откажувањето од храна – покајување;

* болките во стомакот често се поврзани со неможност нешто да се преработи, усвои, прифати, на пример информација или комплицирани односи;

* запекот (задржување на столицата два-три дена) е неможност нешто да се даде, а дијарејата (честа течна столица во текот на денот) укажува на желба нешто да се исфрли и исклучи од животот. Затоа во прв случај треба да се тежнее кон комуникација, да се биде што подобронамерен и подоверлив, а помалку недоверлив. Во друг случај, пак, треба да се биде повоздржан, поурамнотежен, потрпелив и да се води помирен живот;

* од чир на желудникот и на дванаесетпрсното црево често страдаат оние што трпат семејни конфликти. Позитивните емоции во семејството лекуваат психосоматски чирови во 99%. Но, во принцип, алкохолот само го влошува проблемот. Ве советувам да не пиете, дури и ако навистина сакате да се опуштите. Сепак, алкохолот нема да тргне тагата поради изгубената љубов или незадоволството поради изгубената работа. Променете го својот животен стил и ќе почне да се менува природата на односите во вашата околина.

 

Причини за дебелина

Докторе, кажете ни нешто за причините за дебелина. Таа исто така може да биде поврзана со психолошки проблеми?

Кога некое лице не добива доволно љубов и душевна топлина, тоа почнува да се наградува себеси со храна, т.е. менталниот глад да го гаси со изобилство храна, која обично содржи јаглехидрати. Панкреасот не може да издржи таков товар долго. Како резултат на тоа се јавуваат дијабетес, панкреатитис или дебелина.

WНо зошто луѓето што се веќе дебели продолжуваат да добиваат на тежина?W

Кај нив често отапува чувството за ситост и застапено е едно од следните видови на однесување кога е во прашање исхраната:

* Јадење како одговор на ненадеен напад. Апетитот се јавува одненадеж, храната се вари во екстази (таквата состојба е слична на пијанство), притоа станува збор за огромно количество храна.

* Постојано јадење. Апетитот се појавува наутро и останува во текот на целиот ден. Лицето секогаш сака да јаде и постојано јаде.

* Ноќно јадење. Гладот се зголемува дури предвечер и не доаѓа до чувство на ситост. Лицето дури се буди ноќе, јаде и повторно легнува да спие, а утрото нема апетит.
Зарем навистина е можно да се најде утеха во храна?

Недостигот од љубов е сроден на гладот, но храната, секако, нема да ја замени. Затоа е потребно, пред сѐ, освестување за своите психолошки проблеми. Тогаш ќе можете да ги промените однесувањето и навиките во исхраната.

 Техника на целосно опуштање

Валериј Дементјевич, често го споменувате автогениот тренинг. Колку е тој ефикасен при психосоматски болести? Кажете ни нешто подетално за тоа.W

Автогениот тренинг е доброволен процес во кој водечкото место го заземаат автосугестијата, самообразованието и самодисциплината. Оваа техника нè учи да разговараме со нашето тело: со секоја клетка, мускул, секој нерв. Автогениот тренинг ни помага во случај на разни душевни проблеми, па дури и уште повеќе при првите знаци на каква било болест.

WПостојат разни методи на автоген тренинг. Кои им ги советувате вие на читателите на „Руски доктор“?W

Препорачувам еден од методите на автогениот тренинг, кој беше развиен од 1987 до 1989 година од страна на Институтот за обука на лекари во Санкт Петербург. Негови автори се В.С. Лобзин и В.Д. Рижков. Ова е комплексно лековито средство што исто така влијае и на емоциите, расудувањето и самосвесноста на лицето.

Дали за тренингот се потребни некои посебни услови?

Веднаш ќе истакнам дека просторијата за тренинг мора да биде затемнета, студена, без надворешни надразнувачи. Облеката е по ваш избор. Можете да заземете една од следниве пози: да седите удобно на стол, полулежечки во фотелја, лежејќи на грб. Вежбите треба да ги правите концентрирано и внимателно, по можност со затворени очи.

Во што е суштината на тие вежби?

За да го регулирате тонусот на мускулите, прво треба да постигнете мускулите да бидат напнати, а потоа да се опуштите. Затегнувајте ги мускулите постепено и хармонично, а опуштајте ги веднаш и брзо. Напнатост при вдишување, а опуштање при издишување.

   

Автоген тренинг

 

  1. Постепено опуштање:

* за опуштање на мускулите на лицето цврсто замижете при вдишувањето, па, откако ќе издишете, веднаш опуштете ги;

* за да ги опуштите рацете и рамениот дел, најпрво треба да ги напрегнете мускулите во пределот на рамената, потоа подлактиците, прстите, а потоа тие мускули да ги опуштите по обратен ред;

* опуштете го грбот. За ова во текот на вдишувањето поткренете ја слабината, потпирајќи се на крстот и на лопатките. Фиксирајте ја оваа положба, потоа со слободно издишување оставете грбот да „падне“;

* на крајот опуштете ги нозете на истиот начин како и рацете. Почнете да ги напрегнувате мускулите на бутовите, листовите и на стапалата, а потоа брзо опуштете ги по обратен ред.

  1. Сега, кога телото е опуштено, забавувајте се со автосугестија:

* ако страдате од астма, растегнато и развлекувајќи ги зборовите изговарајте во себе: „Дишењето е слободно и лесно, вдиши-издиши. Ништо не ми пречи да дишам слободно, вдиши-издиши“;

* во случај на чир на желудникот помагаат вакви зборови: „Мојот желудник работи добро. Се лачат доволно сокови. Изедената храна е вкусна и калорична. Таа правилно се вари. Чувството е пријатно.“ Изговарајќи ги овие зборови во мислите, го галите стомакот;

* против дебелина можете да ги испробате следните реченици: „Секоја клетка на мојот организам работи добро, сѐ е воедначено и ритмично. Токсините се исфрлаат така што се согоруваат вишокот маснотии. Телото станува лесно, вито и убаво.“

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.