Драги дами, добро погледнете ја оваа фотографија: Можеби ќе ви го спаси животот!

За сите жени!

Ракот на дојка, за жал, може да ѝ се случи на секоја жена

Симптомите за рак на дојка може да бидат многу очигледни, како што се грутките на градите, но може да бидат и целосно занемарливи, како што е осипот.

Клер Варнер имала само еден симптом: дупче под левата дојка. Судбината сакала баш во тој момент да наиде на текст за рак на дојка, па решила да провери за што се работи.

Лекарите ѝ ја соопштиле дијагнозата: навистина се работело за рак. Таа се изборила со него со помош на хемотерапија и радиотерапија, а нејзината фотографија на Фејсбук станала вирална.

Ok, here goes – the Facebook status and photo I never dreamt I'd be posting – PLEASE READ and more importantly…

Gepostet von Claire Warner am Dienstag, 5. Juli 2016

„Не сум ни сонувала дека некогаш во животот ќе објавам ваков статус и фотографија на Фејсбук. Но ве молам прочитајте, и уште поважно, погледнете. Ова е слика од мојата лева дојка. Малата модрица е местото на коешто беше направена биопсија. Дупчето кое едвај се гледа на левата горна страна е редок симптом за рак на дојка. Јас го забележав благодарение на еден текст на кој наидов на Фејсбук.

Јас сум една од среќничките кои го забележале во рана фаза и верувам дека ќе се извлечам. Постои грутка во мојата дојка иако не ја гледам и не ја чувствувам. Не се чувствувам лошо. Во суштина, ништо не ми е освен што имам дупче на градите. Ве молам добро набљудувајте се себеси и натерајте ги вашите сакани да се прегледаат внимателно. Ако оваа слика ѝ помогне барем на една личност, мојата цел е постигната“, напишала Клер на фотографијата.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време