Ако се воочат навреме, можат да ви го спасат животот: Пред да настапи мозочен удар, телото ги испраќа овие сигнали!

Лекарите предупредуваат

Добро слушајте го вашето тело

Мозочниот удар се случува кога одредена група мозочни клетки престануваат да функционираат, како последица на недостиг од хранливи материи и кислород. Недостигот од хранливи материи се јавува, пак, поради нарушување на крвотокот како последица на затнување на крвните садови или нивно прскање и излив на крвта во мозочното ткиво или мозочната обвивка.

Оваа состојба се јавува сè почесто, а изложени на ризик се сите возрасни групи, од помлади до постари лица. Во најризичната група, сепак, спаѓаат луѓето со вишок килограми, оние што имаат покачен притисок, дијабетес или слабо се движат.

Најраните симптоми може да бидат различни, но најчесто се појавуваат следните пет. Доколку воочите барем две промени, одете на лекар што побрзо.

Важно е да знаете дека кај мозочниот удар секоја секунда е важна, колку порано пациентот отиде на лекар, толку поголеми се шансите дека ќе оздрави. Одложувањето е најопасно, па затоа важно е да бидете свесни за симптомите на кои морате да им обрнете внимание:

Главоболка

Силната главоболка што нема некоја објаснива причина е првиот симптом што мора да го запомните. Ако одненадеж чувствувате дека главата ви „пука“, обратете се на лекар.

Слабост

Мозочниот удар се случува кога дотокот на крвта во мозокот наидува на пречка и кога мозочните клетки немаат кислород, изумираат и ги губат функциите. Поради тоа, се јавува ненадејна слабост или млитавост на некој дел од телото. Лицето, рацете и нозете се места на кои може да се јави овој симптом.

Збунетост

Губењето на краткотрајно помнење во секунда или ненадејната тешкотија да разберете најобични зборови и реченици се знак дека итно мора да одите на лекар.

Проблеми со видот

Мозочниот удар, како на сетилото за допир, така ќе влијае и врз видот. Ненадејните проблеми со видот, особено на едното око се знак на предупредување. Тестирајте го видот!

Тешкотии при движење

Во зависност од тоа кој дел од мозокот бил погоден од шлог, симптомите може да бидат губење рамнотежа или способност за координација, тешкотии при одење, вртоглавица, чувство на паѓање… Сето тоа се знаци дека ви е загрозен делот близу центарот за рамнотежа.

Првите три часа одлучуваат дали ќе живеете: Ако ги забележите овие симптоми, станува збор за мозочен удар!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.