5 есенски трендови што заминаа во заборав: Немојте повеќе да го носите ова!

Стилистите пресудија

Не морате да ги фрлате овие парчиња, но привремено заборавете на нив

Трендовите доаѓаат и си одат. Покрај класиката што се носи од сезона во сезона, постојат парчиња што имаат свој рок на траење. Модните стилисти издвоија пет есенски трендови кои би требало да ги оставиме во минатото и да ги замениме со некои нови парчиња.

Секако, станува збор за мислење, односно за предлози, а не за строги правила, па така секој треба да се води според својот личен стил и да го носи она во коешто се чувствува најдобро. Ако сакате темни бои, носете темни бои, ако тренерките ви се омилени, нема причина да ги фрлите.

Сепак, добро е да се знае кои пет есенски трендови не би требало да се носат оваа година, барем според мислењето на модните експерти…

1. Износени маици и тренерки

Пандемиската мода се фокусира на сето она што е поврзано со спортот, а стилистите велат дека сега модниот свет повторно претпочита посложен и подефиниран изглед. Според нив, тренерките би требало да се заменат со кашмир и други фини плетива. Парчињата во коишто живеевме изминатата година и пол, треба да ги тргнеме настрана и да ѝ се вратиме на „нормалната“ облека.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by M A R I E L L E (@mariellestokkelaar)

2. Темни бои

Обично, наесен нашата гардероба станува потемна, но оваа година стилистите сметаат дека треба да носиме бои! Јаките бои што го обележаа летото не би требало сега потполно да исчезнат. Впечатливите парчиња и боите би требало да го обележат периодот што ни претстои. Стилистите порачуваат и да не ги одбегнувате разиграните дезени и да одбирате светло плетиво.

3. Комплети

Годината што помина многу се носеа плетени комплети, кои често беа замена за тренерки. Но како и тренерките, и нив треба да ги оставиме зад себе. Наместо тоа, одбирајте плетени елеци, кои се совршеното парче за слоевито, забавно облекување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Teresa (若岚) (@knittedbythesun)

4. Фустани со изрези

Стилистите сметаат дека време е да се заборави на фустаните со разни изрези. Освен тоа, температурите се сè пониски, па во нив би можело да ви биде ладно, дури и со јакна одозгора. Наместо нив, одбирајте макси-фустани. Тие се инаку голем летен тренд што им ласка на сите облици на тело, но стилистите советуваат на својот омилен макси-фустан да му додадете џемпер со предимензиониран крој и чизми и ќе добиете совршена и удобна комбинација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Isobel (@ourhomeindublin)

5. Обични хеланки

Стилистите препорачуваат оваа есен да им давате толкав простор на хеланките во вашата гардероба, како што тоа беше случајот минатата сезона. Иако се удобни и лесни за комбинирање, постојат и други парчиња што се еднакво лежерни и што одлично стојат. Стилистите, на пример, препорачуваат едноделни парчиња за смелите и бестрашните дами.

Макси-фустанот е најсилниот есенски моден адут: Со овие обувки изгледа најмоќно!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.