Групата „Арија“ со подарок за публиката: Уживајте во квалитетна музика, се надеваме ќе ви се допадне! (ВИДЕО)

Уживајте во едночасовен концерт..

Фото: Промо

Популарната група „Арија“ вчеравечер преку социјалните мрежи го претстави својот најнов музички проект.  Станува збор за видео-концерт во времетрање од речиси еден час, каде може да ги слушнете најголемите странски и домашни хитови.

Како што велат од бендот, со овој проект сакале да испратат и порака до својата публика до сите оние кои ја сакаат музиката.

– По повеќе од година и половина рестрикции, ограничувања, карантини решивме преку овој аудио-видео проект опфаќајки што повеќе жанрови и музички правци сакаме да испратиме една и единствена порака – Ја славиме музиката, го славиме животот. Се надеваме ќе ви се допадне – порачуваат од групата.

Инаку покрај квалитетот на аудио-снимката, момците се потрудиле буквално за сите детали. Од прекрасна локација за снимање, разновидни инструменти, стајлинг и се што е потребно останато…

Погледнете, уживајт и споделете:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.