Првите три часа одлучуваат дали ќе живеете: Ако ги забележите овие симптоми, станува збор за мозочен удар!

Еве што е важно да знаете!

Препознавањето на симптомите и брзината на реагирање можат да ви го спасат животот

Мозочниот удар (шлог) настанува како последица на оштетување на крвните садови на мозокот, поради што исхранувањето на тој дел од мозокот со кислород и со хранливи материи е отежнато или потполно оневозможено. По мозочниот удар, погодениот дел од мозокот престанува да функционира и доаѓа до невролошки испад.

Се разликуваат два типа мозочен удар: исхемиски шлог, кој настанува како последица на затнување на крвните садови во тој дел од мозокот со тромб и хеморагиски шлог, кај кого оштетувањето на мозокот настанува како последица од крвавење во мозокот.

Многу почест е исхемискиот мозочен удар, кој сочинува околу 85% од сите шлогови. Понекогаш, пред мозочниот удар може да дојде до појава на симптоми слични на шлог, кој по 24 часа се повлекува, не оставајќи трајни оштетувања. Таа состојба се вика ТИА (транзиторен исхемиски атак) и претставува знак на предупредување дека кај истата личност може да дојде до шлог.

Мозочниот удар е итна состојба во медицината, поради тоа што може да доведе до трајни оштетувања или смрт. Затоа, неопходно е во првите часови од препознавањето на симптомите на шлог, итно да се јавите на лекар.

Прогнозата на шлогот е лоша насекаде во светот. Шлогот и понатаму претставува еден од најчестите причини за смрт. Шансите за преживување значително се зголемуваат ако се примени специфична терапија (тромболиза) и поради тоа неопходно е во рок од 3 до 4,5 часа од појавата на симптомите итно да одите на лекар.

СИМПТОМИ:
  • Конфузија или нагло настаната промена на состојбата на свеста
  • Парализа на едната страна на телото
  • Слабост на едната страна на телото
  • Вкочанетост на едната страна на телото
  • Слабост на рацете и нозете
  • Отежнат/оневозможен говор
  • Нагло настаната силна главоболка
  • Губење на видот
  • Гледање двојни слики
  • Губење рамнотежа
  • Вртоглавица
ФАКТОРИ НА РИЗИК:
  • Пол
  • Возраст
  • Генетика
  • Покачен крвен притисок
  • Срцева аритмија
  • Шеќерна болест
  • Покачено ниво на маснотии во крвта
  • Стеснување на крвните садови во вратот поради атеросклероза
  • Аневризам (пукање на проширената артерија во мозокот)
  • Пушење
  • Прекумерна тежина
  • Консумирање дрога (кокаин, амфетамини)
  • Алкохол
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.