Добриот сон е еден од клучните елементи на здравиот живот

Изборот на соодветен душек е од суштинско значење за секој што внимава на своето здравје и на квалитетот на животот

Широката понуда на голем број произведувачи, различни материјали и нивни комбинации на клиентите им го отежнува пронаоѓањето на одговорот на важното прашање: кој душек ќе ги задоволи нивните потреби и ќе им овозможи здрав и мирен сон?

Душекот треба да биде доволно цврст, давајќи му соодветна поддршка на ‘рбетниот столб; ако е многу мек, нема да ги поддржи правилно вратот и грбот и ќе предизвика болки и несоница. Слично на тоа, премногу тврдата подлога за спиење создава непријатен притисок врз точките на контакт со телото.

ДВАЕСЕТ И ШЕСТ ГОДИНИ УСПЕХ НА ПАЗАРОТ

Душеците на компанијата „Филанд“, која годинава одбележува 26 години успешно постоење, интегрираат единствена комбинација на природни материјали за да се постигне флексибилна поддршка. Покрај раскошната површина, тие даваат чувство на врвна удобност и комфор. Дизајнирани се да му овозможат идеална поддршка  и пријатен ноќен одмор, а можат да се изработат според саканите димензии.

МАКСИМАЛНА УДОБНОСТ ВО ТЕКОТ НА НОЌТА

Најважна карактеристика на медицинските душеци „Филанд“ се исклучителните анатомски својства, кои осигуруваат правилно распоредување на телесната тежина врз површината на душекот. Максимална удобност и удобен сон во текот на целата ноќ, без болки во раменици и во грбот, ви овозможуваат најсовремените еластични типови на Sky Cell пена.

Посебно внимание треба да им се посвети и на навлаките на душеците „Филанд“, кои благодарение на својот состав осигуруваат спроводливост на воздухот и влагата, а може да имаат и посебни антиалергиски, антибактериски и други својства, кои придонесуваат за мирен и пријатен сон.

Најквалитетните материјали, иновативноста и следењето на современите трендови во производството, како и во областа на здрав сон, ги прават душеците на „Филанд“ олицетворение на луксузен пристап кон животот.

СИНОНИМ ЗА КВАЛИТЕТ, УДОБНОСТ И ЗА СТИЛ

Фирмата „Филанд“, благодарение на добрата соработка со клиентите, приспособувањето на производите на желбите и на потребите на своите муштерии, стана синоним за квалитет, удобност и за стил.

Директно во фабриката „Филанд“, во Индустриска зона Добрашане, во Куманово, можете да го погледнете комплетниот асортиман на душеци, наддушеци и перници.

Манекенката Марија Јовева е новото заштитно лице на компанијата „Филанд“

За повеќе информации за понудата на душеци, наддушеци и перници, контактирајте го стручниот тим на „Филанд“.

Е-пошта: filandkumanovo@yahoo.com

Тел.: +398 31 418 781, +389 75 480525

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време