Дали ви пречи глутенот? Овие 10 симптоми ќе ви го откријат тоа

Која е разликата меѓу целијакија и неподносливоста на глутен?

Станува збор за два различни здравствени проблеми што можат да се решат со елиминација на глутенот од исхраната

Целијакија е хронична автоимуна болест, односно тешка интолеранција на организмот на глутен, супстанца што може да се најде во пченицата, јачменот и ‘ржта и поради која доаѓа до оштетување на дигестивниот систем. Може да се открие со крвна анализа по која се поставува дијагноза.

Од друга страна, пак, не постои преглед со кој може да се докаже неподносливоста на глутен кај луѓето кои не боледуваат од целијакија, ниту се алергични на пченица. Меѓутоа, тие луѓе исто така чувствуваат симптоми слични на оние кои боледуваат од целијакија.

Според експертите, исфрлувањето на глутенот од исхраната денес е вистински тренд, но треба да проверите дали тој навистина е причината за вашите здравствени проблеми.

Елиминациска диета

Ако се сомневате дека глутенот му наштетува на вашето здравје, се препорачува да направите елиминациска диета која ќе трае 4 недели. Во текот на овој временски период, мора целосно да ги исфрлите од исхраната сите производи што содржат и најмала количина на глутен. Проверете кои секојдневни производи кријат траги на глутен.

По 4 недели повторно воведете го глутенот во исхраната и обрнете внимание на тоа како ви реагира телото. Ако во текот на елиминацијата сте се чувствувале подобро, здравствените проблеми ви се ублажиле или исчезнале, а потоа се вратиле по повторното вклучување на глутенот, можно е вашиот организам навистина да е пречувствителен на глутен.

Со оглед на тоа што тешко е да се препознае дали се работи за целијакија или неподносливост на глутен, бидејќи симптомите на овие состојби честопати се преклопуваат со симптоми од други болести, токму овој елиминациски тест би можел да ви помогне да донесете правилна одлука…

10 симптоми на неподносливост на глутен и целијакија

1. Постојано чувство на надуеност и гасови.

2. Болки во стомакот.

3. Хронична дијареја или хроничен запек.

4. Мачнина и повраќање.

5. Бледа столица.

6. Чувство на умор по оброк кој содржел глутен.

7. Хроничен умор.

8. Болни и воспалени зглобови (особено на прстите, колената и колковите).

9. Промени на расположението, чувство на анксиозност и депресија.

10. Невролошки проблеми, како вртоглавица и чести главоболки.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време