Многумина ги претпочитаат природните лосиони кои имаат проверени состојки
Овој домашен рецепт за лосион за сончање содржи само 3 состојки, што сигурно ги имате дома. Станува збор за кокосово масло, црн чај и ланолин. Можно е да немате ланолин, но него можете да го набавите во аптека.
Овие посебно одбрани постапки го забрзуваат процесот на добивање боја, штитат од сонце и ја прават кожата мека, притоа задржувајќи ја нејзината влага. Покрај тоа, црниот чај содржи антиоксиданси кои ќе го одржуваат вашето тело здраво дури и по изложувањето на сонце.
Најпрво, сварете 3-4 кесички црн чај и оставете го да се излади малку на собна температура. Потоа во блендер ставете 3-4 лажици кокосово масло, 3-4 лажици ланолин и половина од сварениот чај. Мешајте 2-3 минути, па внимателно додајте го остатокот од чајот. Мешајте додека не се соединат состојките.
Префрлете ја смесата во сад или шишенце и цврсто затворете го. Бидете внимателни при користење на лосионот, бидејќи може да остави траги на облеката.
Уште една предност на овој лосион е тоа што вашиот затемнет тен ќе ја задржи својата нијанса и во текот на зимските месеци.