5 навики што ќе ја направат вашата кожа поубава

Сонот за беспрекорен тен може да стане реалност

Ова се навиките што ќе ве доведат до вашата кожа од соништата

Не можете да добиете здрава и сјајна кожа преку ноќ. За тоа потребно е труд и низа здрави навики што дополнително ќе влијаат на нејзината убавина и сјај. Ова се петте навики што мора да ги внесете во вашата рутина за кожата да виде биде свежа, здрава и убава.

1. Пијте многу вода

Кога дехидрирате, вашата кожа изгледа суво, а вие изгледате уморно. Доколку стекнете навика да пиете неколку чаши вода дневно, вашата кожа ќе изгледа значително понегувана, бидејќи ќе биде хидрирана.

2. Внимавајте на исхраната

Здравата исхрана е еден од главните предуслови за здрава и сјајна кожа. Внесувањето храна богата со витамин Ц ќе и’ даде на вашата кожа дополнителен сјај. Доколку ја намалите количината на шеќер и алкохол, вашата кожа исто така ќе изгледа многу поздраво.

3. Мијте се со препарати што и’ годат на вашата кожа

Обидете се лицето да ви биде чисто во текот на целиот ден, но бирајте благи средства за миење што не содржат силна хемија и нема да и’ наштетат на кожата на вашето лице.

4. Користете крема со заштитен фактор

На вашата кожа и’ треба заштита од сонце, па затоа обидете се секогаш да користите крема со заштитен фактор 30. Така вашата кожа ќе биде сочувана, без изгореници од сонце. Нанесувајте ја кремата со заштитен фактор неколку минути пред шминкањето, а кога кожата ќе ја впие, нанесете шминка.

5. Одбегнувајте да ги стискате мозолчињата

Доколку сте се разбудиле со големо црвено мозолче на лицето, најлошото нешто што можете да го направите и веднаш да го стиснете. Наместо тоа, треба да имате во несесерот нешто на база на салицилна киселина што ќе го засуши мозолчето и ќе го намали црвенилото. Побезболно решение е да го камуфлирате со коректор, само никако не го допирајте, бидејќи на тој начин, воспалението само ќе се влошува.

Доколку ги внесете овие 5 навики во вашата рутина, кожата на вашето лице постепено ќе се обновува, ќе стане блескава, а вие ќе станете една од оние жени чиј беспрекорен тен не може да остане незабележан.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време