Фризерите советуваат: Косата треба да ја миеме наутро!

За негувана коса

Колку пати сте ја измиле косата навечер, а наутро кога станувате имате впечаток дека е веќе мрсна? Вие не сте сами во ова, затоа не очајувајте. Експертите советуваат дека е подобро да се мие косата наутро или во текот на денот, и еве зошто.

Фризерите Џејми Батзел и Кристин Наврот објаснуваат дека ако ја миете и исушите косата навечер и потоа одите во кревет, наутро навистина ќе изгледа малку мрсно.

„Тоа е затоа што кога ја притиснувате свежо исушената коса на перница во текот на ноќта, вие буквално ја спласнувате“, велат експертите.

Така таа ќе изгуби волумен и секако ќе изгледа мрсно.

„Но, полошо од тоа е што можете да ја оштетите долгорочно“, предупредуваат тие.

Фризерите тврдат дека косата е најчувствителна по миењето, па кога ќе ја „триеме“ на перницата во текот на ноќта, лесно се заплеткува и краевите се кршат. Затоа советуваат дека ако не можете да се откажете од миењето во вечерните часови, користете барем благ шампон и балсам. После тоа, нежно расчешлајте ја и ставете производ за волумен.

Прочитајте и: Витамин Е: Најважниот витамин во борбата против ретка и сува коса

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.