Откриени детали за раскошната венчаница во која блеснала принцезата Беатрис!

Омилената внука на кралицата

Омилената внука на британската кралица Елизабета Втора застанала пред олтар, а сите зборуваат за нејзината венчаница

Британската принцеза Беатрис од Јорк, во петокот му го кажала судбоносното „да“ на италијанскиот претприемач Едуардо Мапели Моци, на приватна церемонија во дворецот Виндзор.

Венчавката првично била закажана за 29 мај во Лондон, но била одложена поради пандемијата на коронавирус.

На своите официјални профили на социјалните мрежи, Бакингемската палата објавила две фотографии од парот, честитајќи им го влезот во брачниот живот, а венчавката што ја одбрала омилената внука на кралицата Елизабета Втора ги воодушевила сите обожаватели на британското кралско семејство.

https://www.instagram.com/p/CCzEMx5h2Oi/

Кој го дизајнирал фустанот?

За разлика од повеќето дами од британскиот кралски двор, кои за најважниот ден во својот живот одбрале венчаници со потпис на реномирани модни брендови, принцезата Беатрис од Јорк, ја нашла својата венчаница во плакарот на својата баба, британската кралица Елизабета Втора. Станува збор за винтиџ модел на бел фустан со потпис на дизајнерот Норман Хартнел.

https://www.instagram.com/p/CC1DmmJASN8/

Овој британски дизајнер стекнал голема слава во 20 век со креирање модни парчиња токму за дамите од кралското семејство, па неговите креации ги носеле нејзиното кралско величество, како и принцезата Маргарет.

Сите се изненадиле од овој избор на принцезата Беатрис, со оглед на тоа што дамите од кралското семејство досега најчесто одбирале фустани изработени по мерка и со потпис на реномирани дизајнерски куќи.

https://www.instagram.com/p/CC14fVtntdG/

Кејт Мидлтон за својата венчавка со принц Вилијам, исто така, носела венчаница од британскиот моден дизајнер Александар Меквин, додека Меган Маркл му кажала „да“ на Хари во венчаница од брендот „Живанши“.

Помладата сестра на принцезата Беатрис, Евгенија од Јорк, за најважниот фустан во животот ги ангажирала дизајнерите Петер Пилот и Кристофер Де Вос.

За да заблеска во фустанот од плакарот на баба ѝ на својата венчавка, принцезата Беатрис имала состаноци со кралските доверливи кројачи, Ангела Кели и Стјуарт Парвин, со цел фустанот на Хартнел да се прилагоди на нејзината фигура.

https://www.instagram.com/p/CCzpxlMn3Ml/

Со оглед на тоа што креацијата не била специјално направена за неа, немала ни посебни пораки или прикази скриени во нејзините шевови. Но со овој фустан што го позајмила од кралицата, Беатрис на свој начин му оддала почест на кралското потекло.

Британска принцеза се омажи во тајност, ова е прв ваков случај по 235 години
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.