Пливање – активност што согорува калории и има многу придобивки за телото

Прекрасни вести за сите оние чија коса „се крева” со самата помисла на трчање, но кои сепак сакаат да додадат нешто ново во нивната неделна кардио рутина. Да, (и официјално) пристигна сезоната на пливање! Дури и да не беше тоа во ваш план, размислете повторно, затоа што ако знаевте колку калории всушност трошите пливајќи – веднаш би се фрлиле во базен.

– Иако пливањето понекогаш изгледа многу напорно, тоа е едно од најдобрите кардиоваскуларни вежби за секого. Додека постојано го користите скоро секој мускул за да се движите од едниот крај на базенот до другиот, аеробната работа помага да се зајакне самиот срцев мускул, што го прави многу поефикасен – вели тренерот за пливање Крис Гања.

Ако не ви се допаѓа ефектот што го имаат вашите движења при пливање на колената, намалете ја јачината и брзината на замав (така да не вршите притисок врз коските и зглобовите), а сепак согорувате многу калории – без да го затегнувате вашето тело. Се разбира, колку корист можете да добиете од тренинг во вода зависи од неколку клучни фактори. Еве што треба да знаете за овој вид физичка активност, како и за тоа колку калории троши пливањето.

Главните предности на пливањето

1. Пливањето е одлична кардио вежба која помага при превенција на срцеви заболувања

Пливањето е одличен кардио тренинг. Додека пливате, срцето пумпа крв побрзо со помош на срцевиот мускул, со што се зголемува циркулацијата на крвта и има голем удел во здравјето на целиот организам, особено кардиоваскуларниот систем.

– Студиите покажаа дека само 30 минути пливање на ден може да спречи или ублажи корорнарна срцева болест кај жените за 30 до 40 проценти – вели Гања. Импресивно!

2. Пливањето ги обликува мускулите и ве прави посилни

Фактот дека со секое движење додека пливате ѝ правите отпор на водата, ве прави да станете силни. Во тој случај, не треба да кревате тегови или да правите класични вежби во теретана. Покрај тоа, ќе ги обликувате мускулите.

3. Пливањето делува на целото тело

Друга предност на пливање над трчање? За да се движите низ водата, треба да ги активирате сите главни мускулни групи – од рацете, преку нозете, до задниот дел и стомакот. Покрај тоа, можете да изберете различни стилови на пливање за работа на сите мускулни групи.

 

Звучи одлично? И колку калории троши пливањето?

Иако пливањето согорува прилично импресивен број калории, тоа зависи од неколку фактори, вклучувајќи ја и телесната тежина, интензитетот на замавите и бројот на повторувања. Општо гледано, Медицинскиот факултет Харвард проценува дека за 30 минути рекреативно пливање:

жена од 57 килограми согорува околу 180 калории
жена од 70 килограми согорува околу 223 калории
жена од 84 килограми согорува околу 266 калории

Меѓутоа, ако ја зголемите брзината и јачината на круговите додека пливате 30 минути, ќе согорите повеќе калории. Во тој случај:

жена од 57 килограми согорува околу 300 калории
жена од 70 килограми согорува околу 372 калории
жена од 84 килограми согорува околу 444 калории

Стилот на пливање исто така има големо влијание врз тоа колку калории ќе согорите. Додека една жена од 70 килограми согорува околу 372 калории за 30 минути градно пливање, на пример, таа ќе изгори близу 409 калории за 30 минути, ако плива во делфински стил.

Кои се сите фактори кои влијаат на тоа колку калории согорувате додека пливате?

 

Четирите најголеми фактори кои влијаат на тоа колку калории трошите со пливање: вашата телесна тежина, вашиот стил на пливање, колку напорно работите (интензитет) и колку долго пливате (време). Се разбира, интензитетот и времетраењето на тренингот се прилично очигледни фактори. Колку подолго и побрзо пливате, толку повеќе калории ќе изгубите.

Телесната тежина е важен фактор затоа што ви го отежнува движењето. Колку сте потешки, толку повеќе енергија ќе мора да вложите за да се движите низ водата, а исто така ќе имате и поголема отпорност на вода заради поголемата површина на телото.

– Некои стилови на пливање се технички потешки за изведување, така што трошат повеќе енергија од другите – објаснува Гања. Бидејќи делфинот подразбира фрлање на двете раце од водата пред лицето, во исто време (при изведување на тежок удар со нозете), тоа е многу поисцрпувачко од градно пливање, во кое малку лизгате низ водата.

Прочитајте и: Со овие вежби ќе имате јак стомак и силни мускули

 

ФОТО: Getty Images

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.