Летото започна и многумина сакаат да го зајакнат своето тело и гордо да се шетаат на плажа. Многу луѓе избегнуваат да одат во теретана заради коронавирусот, но тоа не мора да ве мачи затоа што можете да правите многу вежби дома.
„Имам најмногу прашања од клиенти за абдоменот, а многу вежби можат да ви помогнат да го зајакнете“, изјави личниот тренер Џема Томас за „Дејли Стар“.
Ако сакате да го зајакнете стомакот и да добиете видливи стомачни мускули, еве три вежби што треба да ги вклучите во вашата рутина.