Вељко Ражнатовиќ објави досега невидено видео од Цеца: Вака изгледа тренингот на пејачката (ВИДЕО)

Цеца Ражнатовиќ неколку пати досега има изјавено дека не е љубител на вежбањето и дека не сака да оди во фитнес-центри и да вежба на справи. Но изгледа дека годините го прават своето, па така и популарната пејачка е принудена да се „поти“ ако сака да ги задржи витата става и убавиот физички изглед.

Но ако помисливте дека Цеца почнала да оди во вежбалници, се излажавте. Таа се одлучи за интензивен тренинг со помош на нисконапонска струја, кој го изведува во интимноста на својот дом, под стручен надзор и далеку од очите на љубопитните набљудувачи… Но не и од својот син Вељко, кој тренингот на мама го забележа со мобилниот телефон, а го сподели со своите следбеници на социјалните мрежи.

Кини, ајде, така-така-така. Океј, чекор напред, чекор понатаму, чекор понатаму … браво, мамо!“, ја бодри наследникот славната мајка.

Видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.