СЗО го објаснува „3Ц правилото” и како тоа може да нè заштити од коронавирусот!

Поради фактот дека постојат одредени места каде што коронавирусот се шири побрзо, Светската здравствена организација (СЗО) објасни во неколку чекори што да се избегне и што да се применува. Тие ги дефинираа овие правила како „правила 3Ц”.

Првиот проблем е местата каде има премнпгу гужва, места каде што е невозможно да се задржи препорачаната оддалеченост од два метра. На такви места, постои поголем ризик од ширење на коронавирус и тие треба да се избегнат.

Друг совет е да се оддалечувате од колегите и пријателите, дури и во просториите каде што работите заедно со многу луѓе или да избегнувате блиски контакти.

Третата инструкција се однесува на загушливи и затворени места, како што се затворени концерти и забави, каде има слаба вентилација.

https://www.facebook.com/WHO/photos/a.750907108288008/3339935806051779/?type=3

„Дури и кога ќе бидат укинати ограничувањата и мерките на претпазливост, размислете за почитување на овие три работи, да останете безбедни и одговорни“, велат од СЗО.

Тие повторија дека е многу важно да се задржи растојание од најмалку еден метар, кога е можно, да се вентилираат просториите каде што престојувате, да се грижите за лична хигиена, да ги миете рацете редовно и да носите маска, особено во ситуации кога е невозможно да се задржи растојание од луѓе.

Прочитајте  и: Покрај респираторните, и овие 3 симптоми го откриваат коронавирусот: Предупредуваат од Центарот за контрола на болести!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.