По брак од една година, Гвинет Палтроу конечно донесе важна одлука: отсега нејзиниот сопруг Бред Фалчук ќе биде нејзин постојан „цимер“!
Да, популарната актерка конечно пресече, па по венчавката во септември 2018 година, сопружниците ќе почнат да живеат под ист покрив. Гвинет оваа возбудлива вест ја сподели во разговорт со „Инстајл“, и тоа во изданието по повод 25-от роденден на списанието.
Брачниот живот е навистина добар. Овој месец ќе почнеме и да живееме заедно. Го обожавам мојот сопруг. Тој е брилијантен и бескрајно добар. Каков е однатре, таков е и однадвор. Ме поддржува и ме поттикнува во најдобра можна смисла. Затоа сакам да бидам во брак. Забавно е“, меѓу другото открива Гвинет.
Фото: Инстаграм