Поради оваа одлука на „омилениот“ син, Анџелина Џоли е најгордата мајка на светот
Актерката е подготвена за разделбата со него
Откако се разведе со Бред Пит, Анџелина Џоли целосно им се посвети на своите деца: на синовите Медокс (18) и Пакс (15), ќерките Захара (14) и Шајло (12) и на 11-годишните близнаци Вивиен и Нокс.
Сепак, не е тајна дека холивудската актерка е посебно врзана за најстариот син, а се „шушкаше“ дека токму неговата караница со Бред Пит била причината за разводот, како и дека на Медокс планира да му го остави сето свое богатсво. Затоа е многу горда и на неговата одлука да запише студии по медицинска биохемија во Јужна Кореја.
Примен е на универзитетот Јонсеи и поради тоа забрзано учи корејски јазик. Неколку пати неделно има часови за да биде подготвен. Анџелина е подготвена за разделбата со него, кога ќе тргне на студиите кон крајот на август. Многу е горда на него. Свесна е дека ќе и’ недостасува, но подготвена е на тоа“, раскажал извор за „Пипл“.
Фото: Инстаграм